АВИОКОМПАНИЈАТА ЕМИРАТ СПРОВЕДУВААТ ТЕСТИРАЊА ЗА КОВИД 19 ПРЕД ПОЛЕТУВАЊЕ

Авиокомпанијата Емират спроведуваат тестирања за КОВИД 19 пред полетување, а резултатите се готови по 10 минути.

Во обид да се спречи ширењето на коронавирусот додека сеуште е дозволено патување, авиокомпанијата Емират решија да спроведат тестирање за КОВИД 19, со брз тест кој се спроведува на терминалот пред полетување на патниците.

Тестовите се спроведуваат од страна на здравствен орган во Дубаи во рамки на аеродромот за групна проверка на сите патници кои сакаат да летаат.

„Процесот на тестирање помина непречено… Ние планираме во иднина да ги прошириме можностите за тестирање и на останатите летови. Ова ќе ни овозможи да спроведеме тестирање на лице место и притоа да добиеме брзи резултати за патниците кои патуваат со нашата авиокомпанија, а се упатуваат кон земји кои на влез во земјата бараат сертификати од спроведено тестирање од вирусот КОВИД 19 “ – се истакнува во изјавата на Адел Ал Реда, главен оперативен директор на Емират. Понатаму истакнува дека: „Здравјето и безбедноста на персоналот и патниците на аеродромот се од најголемо значење за нас.“

Програмата за првпат е спроведена во средата на патниците кои патуваат на летот Дубаи – Тунис.

„За да се справиме со вирусот COVID 19, ние проактивно работевме со различни владини организации и приватниот здравствен сектор… Веруваме дека најефикасните решенија бараат блиски партнерства со јавниот и приватниот сектор “ – вели во својата изјава  Хумаид Ал Кутами, генерален директор на Здравствениот орган во Дубаи.

Сепак мерките за заштита од коронавирусот не застануваат тука, туку самиот авиопревозник промовира мерки за социјално дистанцирање вклучувајќи  поставување на бариери на местата за пријавување на патниците, а се во насока да се заштитат и персоналот и патниците. Понатаму, сите патници треба да носат маски  во внатрешноста на аеродромот, но и во кабината на авионот. Во рамки на самите авиони е отстранет сиот печатен рекламен материјал за читање и е воведена забрана за внесување на поголем багаж внатре во кабината на авионот.

Авиопревозникот е силно погоден од новонастанатата ситуација со COVID 19 бидејќи голем број на патувања се откажани особено во оние земји каде постои важечка забрана за патување вклучително и патувањата од САД кон Европа.

Од своја страна, Емиратите им нудат можност на оние патници кои резервирале лет во период од 31 мај до 31 август, шанса да им се зачува резервацијата во наредните 760 дена односно им нуди ваучер за патување кој важи две години вклучително и можност за целосна наплата на чинењето на билетот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *