АВИОКОМПАНИЈАТА ВИНДРОУЗ ГИ ОДРЖУВА ПЛАНОВИТЕ ЗА ЕКСПАНЗИЈА НИЗ ЕКС- ЈУГОСЛОВЕНСКИТЕ ПРОСТОРИ

Украинскиот авиопревозник Виндроуз започна со летови од Украина до просторите на поранешна Југославија со воведување на три нови релации и покрај различните ограничувања наметнати како резултат на пандемијата на коронавирусот.

Авиопревозникот започна со услуги од Киев до Подгорица на 2 ноември, проследено со Скопје на 6 ноември и Белград на 14 ноември 2020 година. Сите летови се реализираат двапати неделно со авионот „Ембраер Е145“ со 49 седишта.

Плановите за зголемување на фреквенциите кон Загреб од постојните две неделни на три неделни полетувања ќе се реализира од 18 декември. Авиокомпанијата потенцираше дека новите линии од/кон поранешна Југославија ќе имаат конекции и со кратките врски од Карков, Дњепар и Одеса.

Генерално, Виндроуз ќе реализира 34 лета кон главниот град на Црна Гора, оваа зима со продадени 1.666 билети во еден правец. Двата меѓународни аеродрома во Црна Гора, Подгорица и Тиват, забележаа 44.320 украински државјани како летаат од и до земјата во текот на третиот квартал на годината.

Украинскиот превозник исто така ќе изврши 32 лета кон Скопје и Белград во текот на зимата, нудејќи 1.568 еднонасочни места. Загреб го опслужуваат со 61 лет, а Виндроуз нуди 3,450 места.

Голем број ротации кон хрватската престолнина се извршуваат со поголемиот авион АТР72. Новите летови ќе го одбележат првото поврзување на Скопје со Киев со редовна услуга и по девет месеци ќе продолжи со операциите меѓу Белград и украинската престолнина.

Коментирајќи ја новата услуга, украинската амбасада во Македонија изјави: „За прв пат во историјата на односите меѓу Украина и Македонија ќе има директни летови меѓу двете земји. Услугата ќе придонесе за интензивирање на билатералната соработка – зајакнување на деловните врски, развој на туризмот во двете земји и запознавање на македонските граѓани со Украина и обратно“.

Украинската амбасада во Црна Гора истакна: „Достапноста на директни летови ќе придонесе за развој на Црна Гора како зимска туристичка дестинација и ќе го олесни развојот на културната и економската соработка меѓу нашите земји“. Досега Виндроуз не ги закажа своите летови кон која било земја во поранешна Југославија за претстојната летна сезона.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *