ПРЕВОЗОТ ОД КИНА СО КОНТЕЈНЕРИ УРИВА УШТЕ ЕДЕН РЕКОРД. ПЕТ ПАТИ ПОСКАП ОД ПРЕД ЕДНА ГОДИНА
Индексот на стапката за превоз на контејнери од Кина за Европа продолжува да расте, штотуку ја помина бариерата од 10.000 американски долари.
Страшно е да се погледне ценовникотза превоз на контејнери секоја недела. Навистина, испраќачите и увозниците ќе бидат под стрес додека ги проверуваат нивните цени. Овие стапки, сепак, неизбежно растат.
Минатата недела, на релација од Шангај до Ротердам, индексот ја проби бариерата од 10 000 американски долари, достигнувајќи го нивото од 10 174 американски долари. Тоа е околу 485% повеќе отколку во соодветниот период од 2020 година. Во средината на март, вредноста на превозот беше под 8.000 УСД.
Индексот на цените на релација Шангај-Џенова веројатно исто така наскоро ќе го надмине нивото од 10.000 УСД. Неодамна изнесуваше 9.662 американски долари, што е раст од 2% во споредба со претходната недела.
Индекс на контејнерскиот превоз (просечни цени во долари)
Март 11, 2021 | Април 22, 2021 | Мај 13, 2021 | Мај 20, 2021 | Мај 27, 2021 | |
Светскиот индекс на цени | 5027 | 4913 | 5727 | 6135 | 6257 |
Шангај- Ротердам | 7937 | 7831 | 8976 | 9865 | 10174 |
Шангај – Џенова | 8277 | 7919 | 8943 | 9477 | 9662 |
Вреди да се напомене дека реалните цени се повисоки од горе прикажаните. На нив се се додаваат маржите на превозниците и новите давачки за гарантирање на транспортот. Со сегашната огромна побарувачка за транспорт и ограничениот капацитет за транспорт, сите аргументи се на страната на бродо-сопствениците.
Континуираното зголемување на стапките е резултат на блокадата на Суецкиот канал кон крајот на март и април од контејнерскиот брод „Еве Гивен“. Во тоа време веќе бевме информирани дека вистинските последици од блокадата на Суец нема да бидат видливи до средината на мај.
Покрај тоа, не е само метежот во европските пристаништа главната последица од кризата со Суеца, туку доцнењата во враќањето на празните контејнери во Кина. Нивниот недостаток значи дека увозниците од целиот свет треба да се борат за секој достапен контејнер, што природно ги зголемува цените. На тоа додадете ја и рекордната побарувачка од САД, полека будејќи ги европските економии (генерирајќи дополнителна побарувачка за стоки од Кина) и имаме рецепт за ценовен армагедон.
На крајот на краиштата, сите ние ќе платиме за ова покачување на цената. Во месечните извештаи на PMI за индустрискиот сектор, производителите на ЕУ се жалат на доцнење во снабдувањето со средства за производство и зголемување на цените на транспортот. Ова доведува до зголемување на трошоците за производство и, во крајна линија, до зголемување на цените на готовите производи.
Овие ценовни шокови не ги заобиколија и домашните увозници кои секојдневно се борат овие енормни зголемувања да не влијаат на крајните цени. Но за жал, веќе пазарот ги осеќа преку недостаток на одредени производи, односно зголемени цени.