ЗАШТИТА НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЈАВНИОТ ТРАНСПОРТ ОД КОВИД 19

За да може да се спречи појавата и ширењето на КОВИД 19 меѓу вработените во јавните превозни претпријатија мора да се спроведуваат системски обуки и планирано да се оди кон заштита од овој вирус.

Главниот начин на ширење на КОВИД 19:

  • Од лице на лице преку респираторни капки кога луѓето зборуваат, кашлаат или киваат;
  • Преку допирање на површина претходно контаминирана со корона вирусот потоа допирање на лице, очи, уста или нос и
  • Вирусот може да се шири и меѓу лица кои немаат симптоми.

Како вработени во јавниот транспорт особено возачите на автобуси може да дојдат во директен контакт со КОВИД 19:

  • Во близок контакт со патници (помалку од 2 метри дистанца), потоа во контакт со соработници, колеги, на транзитните станици, со работниците од одржување и сл.
  • Допирање или ракување со опрема или површина и потоа директно допирање на лице, нос, уста или очи.

Може да се делува во насока да се заштитат вработените во јавниот транспорт со претходно добро осмислени планови и начини на работа во кои вработените меѓу себе ќе може да ја одржуваат потребната социјална дистанца од останатите вработени, раководниот персонал и патниците.

Во насока на заштита на вработените мора да се почитуваат препораките од СЗО и националната влада и да се создадат соодветни безбедбосни програми за секоја компанија согласно нејзините потреби и перформанси. Овие планови за заштита од КОВИД 19 би требало да ги содржат следниве елементи:

Подготовка на план за здравје и безбедност на работното место од КОВИД 19

Притоа треба да се обезбеди:

Координатор кој ќе биде одговорен за проценка и контрола на КОВИД 19

  • Кога се прават плановите за безбедност треба да бидат сите вработени вклучени во истите;
  • Развивање на планови за комуникација со патниците кои ќе го користат јавниот транспорт;
  • Модификација и подобрување на работните и услужните процеси;
  • Постојана комуникација на сите вработени со координаторот за КОВИД 19.

Спроведување на флексибилно боледување и согласно тоа развивање соодветни политики и практики

  • Развивање на политики каде што болните ќе бидат охрабрени да останат дома, а не да се плашат од идна одмазда заради недоаѓање на работното место и осигурете се дека сите вработени ќе бидат известени и запознаени со овие политики;
  • Процедури на соодветна комуникација со лица кои се соработници надвор од самата компанија.

Спроведување на интерни практики за контрола на здравјето

  • Правење на скрининг преку мерење на телесната температура на промена на секоја смена и/или проценка на останати потенцијални симптоми;
  • Постојано одржување на социјална дистанца, носење на маски и одржување на хигиена на рацете.

Преземање на соодветна акција ако некој од вработените се сомнева или му е потврдено дека има КОВИД 19

  • Одделување на вработените кои имаат или пријавиле дека имаат потенцијални симптоми;
  • Затворање на просториите кои овие вработени ги користеле и нивна дезинфекција и проветрување;
  • Известување на останатите вработени кои биле во контакт;
  • Болните вработени да одат во самоизолација.

Развивање на контрола од опасноста на КОВИД 19

Инженерска контрола

  • Изолирање на работните станици со механички прегради, каде што тоа е можно (односно постоење на физичка бариера помеѓу патниците и операторите на јавниот сервис);
  • Преместување на електронските платежни терминали за да се одржи социјалната дистанца;
  • Ограничен пристап до заедничките простории на вработените;
  • Ограничено движење низ ходници, тоалети, паркинзи, влезно /излезни области и сл.;
  • Користење на визуелни ознаки како потсетник за одржување на социјална дистанца;
  • Поставување на средства за дезинфекција на видливи места;
  • Прилагодување на вентилацијата со што поголем проток на свеж воздух;
  • Дополнителни филтри во автобусите особено за вентилација на воздухот

Административна контрола

  • Обезбедување на обука за сите вработени за начинот на ширење и превенција од КОВИД 19;
  • Воведување на безготовински плаќање на услугите за вработените да имаат што помалку допир со патниците;
  • Користење на маски, ракавици и постојана дезинфекција на раце и работни површини;
  • Одржување социјална дистанца и во рамки на автобусите при што би се ограничил бројот на патници кои се превезуваат во даден момент;
  • Патниците да бидат обврзани да носат маски;
  • Можност за одделни врати за влез и излез од автобусот;
  • Поставање на визуелни знаци и за патниците во рамки на автобусот со разбирливи информации за кодекс на однесување во време на пандемија.

Лична заштита

Ова е последна мерка која е најтешко да се спроведе бидејќи не може да се користи ефикасно како претходните две мерки. За спроведување на оваа мерка е потребно добра обука, познавање на околината и опасноста и проценка за да не се доведе самиот вработен во потенцијална опасност. Затоа претходните две мерки треба да се спроведуваат на многу високо ниво за да се обезбеди заштита на вработените од разболување.

Само преку комплементарно делување со политики и практики може да се заштитат вработените во јавниот транспорт кои се срцето на крвотокот на нашиот град. Во секој случај треба да се одделат значителни финансиски средства кои само ќе им ја олеснат ситуацијата да ги спроведат претходното наведените мерки што поригорзно и поефективно.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *