ОТКРИТИЈА ВО ПАТНИОТ СООБРАЌАЈ
Краток осврт за историјата на автомобилизмот
Изумителот на првиот автомобил е Карл Фридрих Бенц од Германија во 1885 година. Првите американски автомобили се произведени од страна на браќата Дуреа во 1892 година, а во 1908 година Форд измислил ефтин автомобил со што е означен почетокот на линиско производство на автомобили.
Краток историски развој на патниот сообраќај
- 6500 година п.н.е. е измислено тркалото од страна на Сумерите
- 3500 година п.н.е животните започнуваат да ги влечат возилата со тркала во Месопотамија
- 44 година измислена е инвалидската количка од страна на Кинезите
- 1769 година, во Франција е измислено првото возило со три тркала кое се движело на пареа
- 1791 година, во Шкотска е измислен велосипедот
- 1792 година, во Франција е измислена кола за брза помош за војската на Наполеон
- 1839 година, во Шкотска е измислен електричен автомобил
- 1869 година, во Германија е измислен модерниот моторцикл
- 1882 година, во Берлин е во употреба првиот тролејбус
- 1885 година, во Германија е измислен мотор на внатрешно согорување
- 1892 година, во САД е започнат да се вози првиот автомобил на бензин
- 1893 година, во Франција е измислена возачката дозвола
- 1895 година, во Германија е измислен дизел – моторот
- 1905 година, во САД е измислен хибриден автомобил
- 1908 година, во САД е започнато масовно линиско производство на Форд автомобилотод марката модел Т
- 1923 година, во САД е измислена сообраќајната сигнализација
- 1959 година, во Шведска е измислен безбедносниот појас за врзување
- 1980 година, во САД се измислени ролерите
- 2001 година, во САД се измислени Segway електричните превозни средства на две тркала




















