KАКО ДА ЈА ОДБЕРЕТЕ ВИСТИНСКАТА ГОЛЕМИНА НА ВЕЛОСИПЕД
При изборот на вистинската големина на велосипедот, честопати се случува да не знаеме која величина да ја избереме.
Само вистинските познавачи на велосипеди ќе знаат која големина да изберат. Причините за кои често се јавува конфузија се повеќе од очигледни, имено, постојат три вида мерки на рам. Во инчи, сантиметри и големини S, M, L, итн. Затоа, неопходно е да се знаат основните правила при изборот на велосипед.
Големината на велосипедот се одредува според големината на рамот, при што се зема висината на седиштето, односно се мери рамот од центарот на погонската оска до горниот дел на цевката за седишта каде влегува сика цевката.
Поради таа причина важна е вашата висина при изборот на велосипед, всушност, како основа за избор на големината на рамот треба да ја земете должината на внатрешниот дел на ногата. Помножете ја големината што сте ја измериле со 0,66 и ќе ја добиете големината на рамот во сантиметри. Но, мора да посветете внимание и на следниве работи.
Големината што ја добивате на овој начин е големината на рамот за тркачки велосипед, доколку сакате MTБ треба да одземете од 8 до 10 см од овој број за да ја добиете вистинската големина. Важно е да се напомене дека големините на рамовите за тркачки велосипеди се изразени во сантиметри, додека големините на МТБ велосипедите обично се во инчи. Големината во инчи ќе ја добиете така што добиениот број ќе го поделите со 2,54.
Важно е при избор на големина на рамот, никогаш да не земете поголем рам отколку што ви треба, со избирање на помал, секогаш имате можност да го подигнете седиштето или управувачот (гиданот), ако вашиот велосипед не е доволно голем, додека со голем рам немате можност да го намалите истиот.
Важно е да се напомене дека мерките што ги добивате на овој начин не можат да се применат при избор на велосипед за различни намени.
Ако избирате тркачки велосипед, мерката добиена на овој начин е точна, ако купувате МТБ велосипед , задолжително одземете од 8 до 10 сантиметри од овој број; имено, ако барате велосипед за поагресивно возење, ќе ви треба повеќе вртлив и полесен велосипед за маневрирање, па затоа треба да се одлучите за помал рам за велосипед.
При изборот на женски велосипеди, не е доволно само да ја зафатите висината на рамот, туку и должината на средната шипка и да обрнете внимание на големината на цевката на воланот (гиданот), што во овој случај треба да биде помала. Жените имаат различна конституција на телото од мажите. По правило, жените имаат подолги нозе во однос на торзото, и од оваа причина, во последно време, на нашиот пазар можете на најдете зголемен избор на женски велосипеди.
Табеларни прикази за полесен избор на големина на рам
MOUNTAIN BIKE (HARDTAIL I FULL SUSPENSION)
[table id=13 /]
ЖЕНСКИ MOUNTAIN BIKE (HARDTAIL I FULL SUSPENSION)
[table id=14 /]
ROAD BIKE
[table id=16 /]
ЖЕНСКИ ROAD BIKE
[table id=17 /]
ХИБРИДИ
[table id=18 /]
ТРИАТЛОН
[table id=19 /]
BMX
[table id=20 /]
ДЕТСКИ ВЕЛОСИПЕД
[table id=15 /]

