8 УНИКАТНИ МОДЕЛИ НА ТРАНСПОРТ ШИРУМ СВЕТОТ
Пловидба на антички чамец во Виетнам, возење на рикша во Јапонија или гледање на пирамидите од грбот на камила… постојат многу уникатни и необични начини на транспорт низ целиот свет. Па затоа во следнава статија претставуваме дел од нив.
-
Бамбусов воз, Камбоџа
Помеѓу Батамбанг и главниот град на Камбоџа, Пном Пен, постои многу интересен воз, исплетен од бамбус на дрвена рамка со исправен мотор и ре-употребени војнички тркала од резервоари.
Како што изгледа овој воз може да врши транспорт на патници и товар од еден до друг град. Познат како „norry“ на кмерски јазик, во моментот кога при возење ќе дојде до пукање на бамбусот бидете спремни да го напуштите возот и возењето со него.
-
Туктук, Индија
Овие моторизирани троколки се користат долж цела Азија, а се по потекло од Тајланд, потоа се шират во Лаос, Камбоџа, Пакистан и Индија.
Иако Бангкок е пионер во користењето на моторизираните троколки, сепак поради специфичноста на сообраќајот во Индија, туктук е доста интересен начин на транспорт.
Без разлика дали одите да вкусите добра храна во Бангалор или одите на шопинг во Њу Делхи, користете туктук. Во туктук обично може да се сместат двајца и нивниот куфер.
-
Junk (ѓубре) брод, Хонконг
Покрај пристаништето Викторија овие „ѓубре“ бродови лебдат на водата наспроти прекрасните облакодери на Хонгконг.
Овие едрилици датираат од времето на античка Кина, поточно од династијата Хан. Денес овие бродчиња се претворени во места за набљудување на зајдисонцата, крстарење на туристите и локалното население кои бараат начин како да излезат на свеж воздух.
-
Зорб – движење во глобус, Нов Зеланд
Зорб е нов спорт кој означува тркалање надолу по ридот во огромна топка која се надувува и движењето е ублажено со густ слој на воздух.
Нов Зеланд најпрвин ни го откри банџи – скокањето, па рафтингот на вода, скајдајвинг и сега овој тип на движење. Постојат различен тип на зорб, движење по копнен пат, движење по воден пат, индивидуално возење, во група возење, возење право, возење цик-цак… како што го наракуваа самите тие, движење со глобус, ова е интересен начин да се движите низ Нов Зеланд.
-
Санки кои ги влечат кучиња, Норвешка
Нема многу места на светот каде што ќе можете да се возите на санка која што ја влечат кучиња. Во северна Норвешка, близу Артичкиот круг, можете да започнете авантура со патување на санка влечена од страна на кучиња, која ќе ве води низ прекрасни зимски пејсажи.
Секој учесник води свој тим од 4 или 6 кучиња движејќи се низ означени сценски рути. Многу патувања се одвиваат во рамки на Националниот парк Салтфејлет – Свартисен и Националниот парк Јотунхајмен, каде што може да бидат вклучени и ноќевања во дрвени бунгалови.
-
Тотора брод, Перу
На лебдечките острови на езерето Тикикака, мештаните таму своите домови и средствата за превоз ги плетат од трска. Тотора значи трска на нивниот јазик (јазикот на племето Урош).
Тотора чамците се изградени така што личат на змеј,античките преданија велат, така ги граделе само да го избегнат злото. Ова се неверојатно брзи и лесни чамци за пловење, при што транспортот на локалното население е брз и удобен.
-
Пилешки автобус, Гватемала
Јавните автобуси во Гватемала се викаат „пилешки автобуси“ за бурни тесни услови кога патниците се втурнати во оние жолти и стари школски автобуси од САД заедно со козите и кокошките.
За авантуститите – патници ова е вистински начин на транспорт да се влезе во сржта на јавниот транспорт на Гватемала. Некои од овие „пилешки автобуси“ се украсени со неонски знаци или вуду постери за да бидат поинтригантни. Нормално се предупредува дека поради гужвата во автобусите постои веројатност да бидете ограбени.
-
Фелука, Египет
Овие традиционални египетски едриличари останале примарен вид на транспорт долж реката Нил во Египет. Формата на едриличарите е истата како и во времето на фараоните.
И локалното населени и туристите уживаат во релаксирачкото пловење на фелуката во текот на денот или да го видат зајдисонцето. Патниците можат да патуваат повеќе денови и да се движат помеѓу Луксор и Асуван.