125 ГОДИНИ ОД ПРВИОТ АВТОБУС СО БЕНЗИНСКИ МОТОР

Првиот бензински мотор означи револуција во сегментот што до тогаш бил карактеризиран преку возилата со коњски или парен погон.

Првиот Бенц автобус на мотор погон го користела компанијата Нетфенер Омнибус, која компанија истата година во јуни купила уште еден автобус.

Двете возила имале едноцилиндричен, хоризонтален мотор со зафатнина од 2,9-литри и сила од 3,7 kW (5 КС) сместени од позади.

Во описот на тие автобуси во тоа време се наведува решеткастиот кров за багаж, натписот „Зиген – Нетфен – Дојц“ и нумерираните внатрешни седишта.

Иако превозот траел само до зимата 1895/96 година, сепак 12 март 1895 година е пресвртниот момент во историјата на патничкиот превоз бидејќи означува премин од автобуси со коњска сила и парни мотори на мотори со внатрешно согорување.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *