РУСИЈА ПОСТАВУВА НАЦИОНАЛНИ СТАНДАРДИ ЗА МЕТРОTO
РУСИЈА: Федералната агенција за техничко регулирање и метрологија Росстандарт официјално го одобри првиот дел од планираниот сет на национални стандарди за изградба и работа на метро мрежите.
Метро системите традиционално се сметаа како составен дел на секторот за железнички транспорт, но недостасуваа заеднички стандарди во урбаниот транспорт.
По предлог на московското метро, било одлучено да се развие независен сет на регулаторни и технички стандарди специјално за секторот за урбани пруги, за кој операторот вели дека „е дизајниран да создаде нови можности за развој на метро системите“.
Техничкиот комитет за стандардизација на метро системите е основан во 2017 година, обединувајќи претставници на 47 организации, вклучувајќи ги седумте метро мрежи во земјата, како и инженерски, транспортни и научни претпријатија.
Првиот дел од новите стандарди воведени на 1 ноември ги опфаќа Основните термини и дефиниции, со идентификувани 56 клучни поими за вклучување во финалниот текст.
Подготовката на овој документ траела 30 месеци. Сега ќе се користи како основа за понатамошни активности на комитетот, кој има за задача да развива стандарди за информатичка технологија, патнички услуги, безбедност на транспортот и разни други области на работење со метро.
„Стандардизацијата е важна за урбаната железница“, изјави Ив Амслер од Одделот за европски прашања на УИТП, опишувајќи ја одлуката на Русија да ги подели метро и железничките стандарди како „позитивен развој“. „Заедничките спецификации им овозможуваат на производителите да произведуваат интероперабилни единици, што пак може да доведе до поевтинување на шинските возила и намалување на трошоците. Добро дизајнираните стандарди секогаш треба да бидат соодветни и да не создаваат непотребни товари и трошоци.“
Во светло на сегашната „негативна епидемиолошка позадина“, Московското метро вели дека неодамнешните „тешкотии“ ја демонстрирале потребата од трансфер на развојот и одобрувањето на стандардите во електронски формат, намалување на физичката интеракција, истовремено зголемувајќи ја ефикасноста на сите вклучени во процесот на стандардизација.