ПРВИТЕ ШТАДЛЕР КИСС ЕЛЕКТРОМОТОРНИ ГАРНИТУРИ ЗА ДБ РЕГИО

ДБ Регио (DB Regio) ја достави својата прва нарачка за двоспратните електромоторни гарнитури – ЕМГ Штадлер Кис (Stadler Kiss), потпишувајќи го на 5. јуни договорот вреден 220 милиони евра за 18 електромоторни четири вагонски гарнитури за регионот Шлезвиг-Холштајн (Schleswig-Holsteinu).

Оваа нарачка следува по добиениот тендер во април за договорот за актуелниот и единствен понудувач на ДБ Регио, да продолжи да дава услуги на Електронец Ост (Elektronetz Ost) на релација Либек – Хамбург, Травемунде и Путгарден за 13 години започнувајќи од декември 2022 година.

ЕМГ Кис сообраќа со максимална брзина од 160 км/ч и има два погонски вагона и две приколки – вагони, со можност за сообраќај на три ЕМГ во спрега. Секоја ЕМГ има 405 седишта, од кои 38 во прва класа наредени 2 + 1, и вкупен капацитет од 880 патници.

Тие ќе бидат опремени со Wi-Fi, приклучоци за напојување, CCTV, информативен систем за патници и електронско обележување на резервирани седишта. На долниот спрат ќе има повеќенаменски делови за детски колички, односно за 36 велосипеди. Ќе има простори за инвалидски колички и пристапни тоалети.

Како дел од проектот Фемарн Белт (Fehmarn Belt), ЕМГ во иднина гарнитурата ќе биде дополнително опремена со ЕТЦС (ETCS) опрема на  Штадлер Гардија, која, според производителот, е уште една важна пресвртница во нејзините напори да го усоврши делот на безбедноста и сигнализацијата.

Електро моторните гарнитури Штадлер Кисс во Европа ги користат Швајцарските железници и Аероекспрес, шатл возови за потребите на московскиот аеродром, како и за регионалниот патнички оператор во Копенхаген.  Оваа година испорачани се првите ЕМГ на МАВ – Штарт (MAV – START), Словенски железници и регионалниот јавен превозник во Упсала Шведска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *