НЕОБИЧЕН АВИОСООБРАЌАЈ ПО АЕРОДРОМИТЕ ВО РЕГИОНОТ ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ

Поголемиот дел од аеродромите низ регионот се затворени за комерцијални услуги во текот на изминатиот месец, меѓутоа, карго-операциите и специјалните патнички летови растат за време на пандемијата на коронавирусот. Еве еден дел од невообичаениот авиосообраќај на аеродромите во регионот.

Бања Лука

Карго авион на Етиопијан ерлајнс Боинг 777 со медицински материјали од Кина до Бања Лука.

Белград

Етихад ервејс во текот на изминатиот месец изврши три карго-летови со неговиот авион „Боинг 777-300ER“, донесувајќи медицински материјали.

Авион на Вамос Ер, Boeing 747, пренесе над 300 патници од крузерот „Гранд Принцес“ погоден од коронавирусот до српската престолнина.

Љубљана

„Сичуан ерлајнс“ изврши неколку карго-летови со својот авион „Ербас А330-200“, пренесувајќи медицински материјали од Кина до Љубљана. Шпанскиот Plus Ultra Lineas Aereas, исто така, со својот авион „Ербас А340-600“ изврши хуманитерен превоз до словенечкиот главен град.

Подгорица

Авион на Flydubai Боинг 737-800 превезе медицинска помош од Обединетите Арапски Емирати до Подгорица.

Скопје

Авион на Словенечката војска Turbolet L-410 достави медицинска помош од Р. Словенија до Скопје.

Сараево

Авион на компанијата AirAsia X Airbus A330-300 изврши карго-лет, донесувајќи медицински материјали од Малезија.

Загреб

„Етихад ервејс“ Боинг 787 Дринлинер извршил карго-лет кон Загреб, пренесувајќи медицински материјали во хрватската престолнина.

Испорачана поголема помош од Кина со товарниот авион на „СФ ерлајнс“ Боинг 747-400.

Ова претставува избор на некои од летовите што се случиле, иако аеродромите ширум регионот бележат скоро дневни услуги за репатријација и карго услуги.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *