НЕКОИ ОД „НАЈ“ БРОДОВИТЕ
„Symphony of the Seas“
Најголемиот патнички брод во светот е „Symphony of the Seas“, изграден во St. Nazaire, Франција. Најлуксузниот крузер е импресивен по своите броеви – долг е 362 метри, има дури 18 палуби, може да смести повеќе од 6500 патници, а екипажот брои 2.200 членови.
Не помалку е импресивна цената од дури 1,1 милијарди американски долари, колку што плати клиентот „Royal Carribean“ за крузерот.
„Pioneering Spirit“
Најголемиот брод досега изграден според целокупните спецификации е „Pioneering Spirit“, брод-кран со двоен труп за транспорт на нафтени платформи, како и поставување и демонтажа на цевки.
Над 400.000 тони тешката грдосија ја покренуваат дури девет МАН дизел мотори кои развиваат вкупно 94.440 kW снага. Изграден е од јужнокорејската компанија ДСГЕ и бродот може да прими дури 571 членови на екипажот!
„Барзан“
Со должина од точно 400 метри, контејнерскиот брод „Барзан“ во моментов е најдолгиот брод на светот. Изграден е во јужнокорејското бродоградилиште Хјундаи за катарската компанија УАСЦ.
Во моментов е најстариот „зелен“ товарен брод во употреба во однос на енергетската ефикасност. „Барзан“ има најниска емисија на стакленички гасови, што е дури 50% пониско од долната граница на индексот на ефикасност пропишана од Меѓународната поморска организација.
„Dockwise Vanguard“
Најголемиот брод за транспорт на специјален и тежок товар е „Dockwise Vanguard“. Иако првенствено е изграден за транспорт на нафтени платформи, тој се користи и за транспорт на други бродови.
Кога ќе се испразнат баласните резервоари, многу пространата палуба, на која може да смести товар со тежина до 110.000 тони, потонува до 16 метри под морската површина. Треба да се нагласи дека е изграден во Јужна Кореја…
„Francisco“
Во моментов најбрзиот брод во светот е патничкиот катамаран „Francisco“, именуван по папата Фрањо. Катамаранот, во кој може да се сместат повеќе од 1.000 патници и 150 патнички автомобили, може да достигне максимална брзина од дури 107 км/ч. Ова се должи на две гасни турбини кои заедно развиваат 118.000 КС, но ова не е единствената карактеристика на овој брод.
„Франциско“ е првиот брод од овој тип што користи природен гас (LNG) како основно гориво, што според австралискиот производител „Интек“, го прави најеколошки катамаран во светот.