ВО КИНА ИСПЛОВИ ПРВИОТ АВТОНОМЕН КОНТЕЈНЕРСКИ БРОД

По неколкумесечно опширно тестирање, Шандонг Порт Груп го лансираше контејнерскиот брод од 300 TEU ZHI FEI , управуван од Navigation Brilliance (Brinav), на линијата Донџиаку-Кингдао . 

Бродот има бруто тежина од 5000 тони , должината е 117 метри и се движи со максимална брзина од 12 јазли. Развиен е од технологијата Navigation Brilliance (Qingdao) во соработка со поморскиот универзитет Далиан и Кинескиот истражувачки институт за воден транспорт.

Изграден е од бродоградилиштето Кингдао. Нарачан е во 2019 година и промовиран во април оваа година. Работи со рачна, далечинска контрола и автономна навигација. Опремен е со локални системи за независно планирање на рутата и избегнување судир и со комуникации помеѓу бродот и крајбрежните станици преку 5G сателит.

Збирни превози Турција – Македонија ИТК Карго транспорт

Досегот изнесува 4500 наутички милји. Zhi Fei (Летечка мудрост), освен што ќе се користи за редовен превоз, ќе служи и како демонстратор на технологија за автономна навигација на товарни бродови. Во иднина, Navigation Brilliance има намера да нарача поголеми автономни бродови во опсег од 500 до 800 TEU.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *