АВИО-КАРГО ПРЕВОЗОТ СЕ ВРАЌА НА НИВО ПРЕД ПАНДЕМИЈАТА

Обемот на превозот се врати на ниво од 2019 година во првата половина на 2021 година, додека приходите останаа над нивото во последните две години.

Во споредба со истиот период минатата година, обемот на авионскиот товарен превоз се зголемил за 22%, според податоците на WorldACD. Земајќи ги предвид месечните резултати, обемот на превезената стока во јуни е зголемена за 31% на годишна основа.

Во однос на приходите од авио-карго превозот, во првата половина од годината имало 79% подобрување во споредба со нивото од 2019 година за истиот период, додека во споредба со минатата година има зголемување од 47%.

Гледајќи ги регионалните резултати, аналитичарите на WorldACD посочуваат дека постојат два исклучоци од враќањето на нивоата за 2019 година: Африка, која забележа силен раст од 28% во првата половина во споредба со 2019 година, и Европа, каде што објавија пад од 5%.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *