ШТО АКО ALFA ROMEO ВОВЕДУВА КАМИОН?
Ако тоа се случи и ако некое тешко комерцијално возило марка „Алфа Ромео“ некогаш ја види светлината на денот, тогаш кореанецот Таеканг Ли треба дефинитивно да биде одговорен за дизајнот, кој подготви фасцинантен рендер.
Многумина се согласуваат дека автомобилите на италијанскиот производител се визуелно феноменално стилизирани, но вистинско ремек-дело е да се интегрира овој таканаречен автомобилски дизајн во таков гломазен објект како што е на фотографиите.
Ли успеа токму во тоа. Камионот има уникатен Scudetto дизајн на решетката од ладилникот, а сите други детали на предната страна на возилото недвосмислено укажуваат дека станува збор за производ на луксузна марка од Италија.
Дури и шасијата е нијансирана во боја што повеќето од нас ја сметаат за синоним за Алфа Ромео. Што друго да кажаме освен: Браво, Ли мајсторе!