ЧЕШКА РЕПУБЛИКА: ЗАБРАНА ЗА ПРЕТЕКНУВАЊЕ НА КАМИОНИ
Од 1 јануари 2020 година, во Чешката Република е воведена забрана за претекнување на товарни возила над 12 тони на делници од автопатот од Прага до Брно, Плзен, Усти над Лабем и Храдец Кралове, во двете насоки – објави порталот trans.iNFO.
Сообраќајните знаци ги известуваат возачите каде е на сила забраната.
На воведувањето на забраната му претходеше парализа во сообраќајот на патот Д1 во 2018 година поради лошите временски услови и фактот што камионите се обидоа (неуспешно) да претекнат колона на возила.
Чешките пратеници работат на натамошно заострување на регулативите, а некои предлагаат да се воведе целосна забрана за претекнување на товарни возила на сите автопати во Чешката Република.