ХАПАГ ЛОЈД ИНВЕСТИРА ПОЛОВИНА МИЛИЈАРДА ДОЛАРИ ВО НАБАВКА НА КОНТЕЈНЕРИ ВО 2021 ГОДИНА
Хапаг Лојд прави една од најголемите набавки на контејнери во својата историја. Станува збор за 150.000 TEU стандардни и фриго контејнери, како и околу 8.000 TEU контејнери за опасен и вонгабаритен товар.
Во позадината на оваа нарачка, вредна околу 550 милиони долари, стои големиот недостаток на контејнери предизвикан од пандемијата на корона вирусот. Бродските компании се соочуваат со недостиг, односно ограничена достапност на контејнери, поради доцнењата и нерамнотежа на одредени трговски релации.
Бидејќи постојните контејнери се движат побавно во ротација по рутите, на превозниците им требаат повеќе контејнери за иста количина товар со иста фреквенција на поаѓање на бродовите.
Дел од нарачаните контејнери веќе се доставени до Хапаг Лојд. Сепак, огромното мнозинство ќе биде интегрирано во постојната флота во следните месеци. Според изјавите од оваа компанија, испораката треба да заврши до крајот на тековната година.
Индустријата за испорака на контејнери ширум светот во моментов има неверојатна побарувачка, што доведе до недостиг на контејнери низ целиот свет. Со новите нарачки, ние придонесуваме во напорите за ублажување на моменталната состојба и ќе можеме да им понудиме на клиентите многу подобра услуга, изјави Ролф Хабен Јансен, извршен директор на Хапаг-Лојд.