ФРАНЦУСКИТЕ СИНДИКАТИ ГИ ПОВИКУВААТ ВОЗАЧИТЕ НА ШТРАЈК
Најголемите француски синдикати во секторот за патен сообраќај ги повикаа работниците од овој сектор да престанат со работа на 7. мај. Исто така, возачите треба да носат црна лента на рака во спомен на возачите кои ги загубија животите за време на пандемијата.
Синдикатите UFR-CFDT и FGTE-CFDT најавија штрајк на 7. мај. Возачите на тој ден ќе одбијат да работат и ќе носат црни ленти на рака или ќе закачат црни знамиња на возилата во сеќавање на 35-те возачи, кои починаа од КОВИД-19. Синдикатите сакаат државата да покаже „благодарност до сите работници од оваа суштинска индустрија“, пренесува францускиот весник „Le Figaro“.
Владата им додели бонуси на државните службеници кои се на првата линија од фронтот во борбата со оваа пандемија, а што е со CCNTR војниците“, прашува FGTE-CFDT. CCNTR е Национален колективен договор за транспорт на стоки и патници во патниот превоз.
Синдикатот потенцира дека околу 5.500 работници во секторот се заразени со коронавирус.
За возврат, во барањето упатено до Жан-Баптист Џебари, државен секретар во Министерството за транспорт, синдикалците од ЦФТЦ во врска со пандемијата бараат додаток на плата од 1.000 евра.
Протести во Италија
И во италијанскиот транспортен сектор, расте незадоволството од недостаток на соодветна поддршка од владата. Италијанската транспортна организација Траспортунито ја повика транспортната индустрија да протестира со цел да ја принуди владата да се справи со проблемите на превозниците, пред сè со недостатокот на ликвидност на многумина од нив. Синдикатот најави „ескалација на протестни акции“ на патиштата низ цела Италија, иако не утврди точен рок.
Како што нагласува Маурицио Лонго, секретар на Траспортунито, транспортната индустрија направи се што е во нејзина моќ да се справи со кризата.
Сега кога сè уште нема соодветно реагирање од владата, време е да се дејствува. Ние нема да бидеме како надлежните кои само зборуваат, но не прават ништо“, рече Лонго цитиран од trasportoeuropa.it.