УИЦ ОБЈАВИ ВТОРО УПАТСТВО – „ПОТЕНЦИЈАЛНИ МЕРКИ ЗА ВРАЌАЊЕ НА ДОВЕРБАТА ВО ЖЕЛЕЗНИЧКИТЕ ПАТУВАЊА ПОСЛЕ ПАНДЕМИЈАТА“
Од почетокот на сегашната здравствена криза, УИЦ работи на обезбедување на своите членови и партнери со серија конкретни мерки и најдобри практики за железничкиот сектор.
Во март, работната група на УИЦ Covid-19 составена од железнички чинители од Азија, Африка, Европа, Блискиот исток, Океанија и Америка, го изработи првиот пакет упатства за управување со „Ковид-19“ (https://uic.org/news/article/covid-19) со придонес од железничките компании ширум светот.
Оваа иницијатива им овозможи на членовите на УИЦ заедно со другите превозни организации да споделат информации и знаења со цел да помогнат во управувањето со глобалниот одговор на Ковид-19.
Сегашниот втор документ со насоки се однесува на моментот после пандемската криза и се фокусира на потенцијалните мерки за враќање на довербата на клиентите во железнички патувања.
Главните теми опфаќаат конкретни мерки за намалување на ризикот од ширење на инфекција, мерки за комуникација за смирување на јавноста, како и идните истражувања.
За да го прочитате документот во целост, кликнете овде: https://bit.ly/35hsqwN
Покрај тоа, работната група во моментот работи на трет документ, насловен РАЗЛИЧНОСТ: Како железничкиот сектор се бори против Ковид-19. Сите случувања во врска со ова најново упатство секако ќе бидат споделени во блиска иднина.