SPACETRUCK: ЕВЕ КАКО ЌЕ ПРЕНЕСУВАМЕ ТОВАР НА МАРС
Лансирањето на ракетата на Спејс Икс (SpaceX) „Фалкон 9“ ги инспирираше дизајнерите да размислат како ќе изгледаат средствата за транспорт на планетите што ќе ги колонизираат луѓето.
На крајот на краиштата, транспортот ќе има клучна улога во развојот на тамошните нови заедници. Добро познатиот дизајнер Алекс Балдини (Alex Baldini) ја сподели својата визија за марсовски камиони.
SpaceTruck – ВселенскиКамион: ова е името дадено на новото возило. Создадено е за логистички и транспортни компании, кои во иднина може да обезбедат карго превоз на Марс. Неговата главна задача ќе биде транспортирање на тешка опрема и разни материјали.
Камионот има многу футуристички изглед. На целата површина на тракторот, авторот ги има поставено логоата на брендот „Тесла“ и компанијата „SpaceX“ во сопственост на Илон Маск.
SpaceTruck се разликува малку од моделите достапни на Земјата: има 3 оски, удобна возачка кабина и платформа. Иако ултра-ниската суспензија на платформата е изненадувачка – најверојатно во визијата на авторот имало веќе поплочени патишта, па дури и автопати на Марс.
Дали Тесла ја цени работата на Алекс – сè уште не знаеме. Оние кои не го сакаат овој дизајн, тврдат дека рационализираниот SpaceTruck не се вклопува во квадратната визија на Илон Маск.