СОСЕДНА БУГАРИЈА ПОКАНУВА ТРАНСПОРТНИ ЕКСПЕРТИ ЗА РАЗВОЈ НА КОМБИНИРАНИОТ ПРЕВОЗ

Министерот за транспорт на Бугарија минатата недела покани експерти од Германија да подготват логистички план за развој на мултимодалниот транспорт и ефикасноста на транспортната мрежа во во Бугарија. Ова се случи за време на средбата меѓу министерот за транспорт и врски Николај Сабев, заменик министерот Владимир Варбанов и претставникот на Извршниот одбор на пристаништето Дуизбург Томас Шлипкотер.

Исто така, на крајот на минатата недела, Француската агенција за развој  се обврза да распише конкурс и да испрати експерти од областа на железничкиот транспорт. Со тоа, при Министерството за транспорт на соседна Бугарија ќе се формира тим од европски професионалци во две најважни области, мултимодалниот и железнички транспорт .

Добрата географска локација не е доволна за ефикасна транспортна мрежа, но неопходно е да се обезбеди поврзаност преку развој на комбинираниот транспорт, патната и железничката инфраструктура, како и внатрешните водни патишта, исто така и развојот на поморската и железничката инфраструктура. Економскиот раст на Бугарија зависи од обезбедувањето добра транспортна логистика и максимална ефикасност на коридорите што минуваат низ Бугарија, изјави по средбата министерот Сабев.

Се разговарало за можностите за развој на транспортната врската Истанбул-Бургас/Варна-Русе (интермодален терминал) долж коридорот Рајна-Дунав. Двете страни изразија уверување дека е потребно стабилно и доверливо управување со синџирот на снабдување за да се обезбеди транспортна поврзаност меѓу Европа и Азија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *