СОПСТВЕНИКОТ НА НОВОСАДСКОТО ПРИСТАНИШТЕ Е ЗАИНТЕРЕСИРАН ЗА БУГАРСКИТЕ ПРИСТАНИШТА

Еден од најголемите пристанишни оператори во светот, Dubai Port World, чија компанија P&O Ports Dubai неодамна го купи пристаништето на Дунав во Нови Сад, е заинтересиран за инвестирање во бугарски пристаништа и создавање високотехнолошки логистички центри во различни градови.

Како што пишуваат бугарските медиуми, во петокот се одржала средба помеѓу бугарскиот претседател Румен Радев и генералниот директор на арапската компанија Ахмед бин Сулаем. Тие разговарале за позиционирање на Бугарија како регионален логистички центар за превоз на стоки од Европа до Азија и обратно.

Генералниот директор на Dubai Port World, кој има 78 логистички терминали во различни делови на светот, изјави дека користењето на бугарските пристаништа долж Дунав, овозможува брз пристап до европските земји. Пристаништето во Нови Сад беше продадено на компанијата од ОАЕ во мај по почетна цена од 7,99 милиони евра.

Пред една година, P&O Ports Dubai потпиша Меморандум за разбирање и соработка за проекти за развој на речните пристаништа со Владата на Србија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *