СКАНИЈА Г 350 НА ЕЛЕКТРИЧЕН ПОГОН СО ОПСЕГ ОД 120 КМ

Сканија после прилагодувањето на четири возила на водороден погон за потребите на норвешкиот ланец за малопродажба АСКО, сега прилагодија два камиони на електричен погон.

Во Сканија посочуваат дека искуствата со хибридни камиони кои користат исклучиво електричен погон во урбаните средини се многу добри, што ги поттикна да направат понатамошен чекор, односно возила целосно на електричен погон.

Двата камиона што ќе ги користи АСКО имаат батерии од 165 kWh, што им дава опсег од 120 км. Бидејќи станува збор за дистрибутивни возила, оптимален начин за нивно користење е полнење при товарање или истоварање на стоката.

Сканија, во соработка со своите партнери, продолжува со интензивно истражување и развој на батериите, што ќе овозможи поголема автономија на камионите и помалку време за полнење. Но, исто така и другите алтернативи на погонот не се запоставуваат, од биогорива преку хибридни погони и водород до електрични возила со пантограф за спојување на електрична мрежа.

Во овој случај, станува збор за возило со максимална дозволена маса од 27 тони, со конфигурација на погон од 6×2 * 4 со електричен мотор и снага од 290 kW и 2.200 Nm вртежен момент, кој преку двостепен редуктор се управува.

Батериите со капацитет од 165 kWh се полнат преку полнач за еднонасочна струја од 150 kW DC, што значи дека полнењето до 80% наполнетост трае околу половина час, бидејќи батериите никогаш не се целосно празни. Исто така, достапен е електричен PTO со сила од 15 kW.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *