СИМЕНС МОБИЛИТИ ИЗРАБОТИ 3Д ПEЧАТЕНИ РАЧКИ ЗА ВРАТИ НА ВОЗОВИТЕ ЗА ПОТРЕБИТЕ НА РУСКИТЕ ЖЕЛЕЗНИЦИ

3Д печатените рачки за врати на возовите од страна на Сименс Мобилити нудат хигиенски начин за отварање на вратите од возот со помош на лакт или со долниот дел од дланката во насока да се спречи ширењето на вирусот КОВИД 19.

Сименс Мобилити објави дека испорачал 36 3Д печатени рачки кои се поставуваат на вратите на возовите, на Руските железници. Во моментов  3Д печатените рачки се подложени на тестирање, за  да се провери како оди отварањето на вратите со помош на лакт или со долниот дел на раката. Целта е да се олесни процесот на отварање на вратите на возовите, а притоа да не се употребуваат рацете, се со цел да се намали ширењето на вирусот КОВИД 19.

Сименс Мобилити ги постави прототипите на неколку возови Дезиро кои во моментов сообраќаат во Московскиот регион, а планирано е во догледно време овие рачки да се постават и на останатите возови, а меѓу нив има и брзи возови.

Деловите кои се произведуваат може да се испорачаат на доставеното барање, во краток рок. Сименс Мобилити неодамна изврши набавка на два 3Д печатачи за да може да ги опслужи потребите на Руските железници.

Печатаќите се користат во Москва и во Санкт Петербург и се камен темелник на мрежата „Лесно изработени печатени делови“ основани од страна на Сименс Мобилити. Целта на мрежата е дополнително да се оптимизира железничкиот транспорт со помош на испринтани додатоци и дигитален инвентар кои ќе бидат имплементирани во оригиналните компоненти на возот во насока на поедноставување, размена и производство на резервни делови за возовите. Сево ова ќе ги намали чинењето и временската рамка за производство, но и на производството на резервните делови.

Извршиот директор на Сименс Мобилити, Сабрина Сузан изјави: „3Д печатењето дава флексибилност да се произведува и да се врши замена на резервни делови во секое време. Ние ја користиме оваа технологија за брзо производство на рачките за вратите на возовите и секако дека имаме можност да ги задоволиме растечките потреби на нашите клиенти во однос на потребата за спроведување на посебни мерки за заштита на здравјето“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *