СЕ УШТЕ Е ПРОМЕНЛИВ ЕВРОПСКИОТ ТРАНСПОРТЕН ПАЗАР ВО ЗНАК НА КОВИД 19
Неизвесноста во текот на кризата предизвикана од коронавирусот доведе до ненадеен пораст на понудата во друмскиот товарен превоз на европскиот пазар. „Многу компании, во пресрет на затворање на границите и други ограничувања поврзани со короната, побрзаа со извршување на нарачките“, коментира Тилман Феке, бизнис аналитичар во ТИМОКОМ, невообичаено висок раст на понудата на товарен превоз до средината на март на водечката берза во Европа.
Така, во првиот квартал на 2020 година, ТИМОКОМ забележа зголемување од 16 % во однос на истиот период минатата година; транспортот од земјите на ЕУ до Италија се зголеми за 26 проценти, а спрема Полска за дури 53 %. Посебно се барани ладилници возила. Побарувачката за транспорт со контролирана температура во шпицот била за дури 50 % поголема во однос на претходната година, известува сопственикот на берзата.
Обемот на превоз се намали за повеќе од две третини во средината на март
Преломната точка на раст од средината на март ја обележува карантинот ширум Европа, што во голема мерка доведе до застој во производството и – со исклучок на трговијата со намирници – остар пад на испораките. „И покрај зголемувањето на транспортот на храна, обемот на превоз се намали за повеќе од 2/3 од средината до крајот на март“, пренесува Феке. „Никогаш не постоела споредлива ситуација пред Велигден.“ Дневно во ТИМОКОМ се објавуваат до 750.000 понуди за превоз.
Иако превозниците во текот на карантинот грчевито бараа нарачки за да ги користат своите камиони, товарните капацитети што се пласираат на пазарот преку ТИМОКОМ се намалија во првиот квартал од оваа година. Така, бројот на достапни камиони во првиот квартал опадна за 3% низ цела Европа во однос на истиот квартал од претходната година; во Германија, бројот на понуди за возила се намали за дури 15 %. Како е можно тоа?
„Забележавме дека превозниците повлекоа дел од својата флота од пазарот заради слабата искористеност на капацитетите“, коментира гласноговорникот на ТИМОКОМ, Гунар Гбурек. Така, поради вонредната состојба во која се наоѓа светот оваа недела се случија нарушувања на пазарот. Гбурек е сепак оптимист: „Во моментов има мал нагорен тренд во понудите на превоз. Сепак, дури во вториот квартал ќе се покаже како транспортната индустрија ќе се развива понатаму во однос на пандемијата на короната“.
Со транспортниот барометар на FreightTech, ТИМОКОМ од 2009 година ги анализира податоците за движењето на понудата и побарувачката на берзата на превоз, интегрирана во Систем за паметна логистика. Повеќе од 130.000 клиенти секој ден генерираат до 750.000 меѓународни понуди за товарен превоз. Системот поддржува над 43,000 клиенти на TIMOCOM да ги постигнат своите логистички цели паметно, безбедно и лесно.
Преземено од ТИМОКОМ