РЕНФЕ И ТАЛГО МОДИФИЦИРАА БРЗИ ВОЗОВИ ЗА ТРАНСПОРТ НА ПАЦИЕНТИ ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД 19
После францускиот СНЦФ и шпанскиот железнички оператор РЕНФЕ во соработка со „Талго“ кој е шпански производител на шински возила и притоа обезбедува производство на меѓуградски, стандардни и брзи возови се договорија да преобразат три брзи воза и да се оспособат за транспорт на пациенти заразени со коронавирус, во случај ако тоа биде потребно.
Ренфе ги одбра возовите од моделот Танго 250 дуал, опремени со ниски подови и влез без скали се со цел да го олеснат движењето на пациентите заразени од корона вирусот.
Како дел од иницијативата, Талго обезбеди дополнителен придонес со човечки и материјални ресурси.
Возовите се медицински опремени и адаптирани во заедничките објекти на Талго и Ренфе во Фуенкарал, Мадрид. Транспортите возила имаа модуларен ентериер и со тоа излегоа во пресрет на медицинските потреби.
Покрај овие извршени промени, мора да се нагласи дека овие возови со хибридна влечна сила може да се движат на брзи и конвенционални железнички мрежи. Тие исто така можат да работат и на железнички линии кои немаат електрична мрежа, при што ќе се движат со локомотиви кои работат на дизел гориво.
Доколку се користат тогаш брзите возови ќе транспортираат заразени пациенти меѓу автономните единици внатре во самата Шпанија. Овој потег доаѓа во предвид кога бројот на заболени од COVID 19 во Шпанија ја надминува бројката на 120 000, а бројот на умрени над 10 900, што ја прави оваа земја една од најтешко погодените земји од пандемијата.
Талго минатата година потпиша договор со шкотското претпријатие за транспорт и формираше производна единица во Лонанет, Фајф. Овој потег беше дел од напорите на Талго да ја зајакне својата позиција во рамки на британскиот железнички пазар.