РЕКОРДИ ЗА ПОСТИГНАТА БРЗИНА КАЈ АВТОМОБИЛИ, ВОЗОВИ, ГЛИСЕРИ, МОТОРЦИКЛИ И ВЕЛОСИПЕДИ

Постојат рекорди кои се однесуваат на најбрзите возила на светот, но мора да се нагласи дека дел од овие возила се специјално дизајнирани да возат побрзо од вообичаено и се управувани исклучиво од професионални возачи.

Land car – автомобил за по копнен пат

Енди Грин, со автомобилот ThrustSSC (Супер-Sonic Car), далечната 1997 година возел низ пустината Блек Рок во Невада и развил брзина од 1227 км/ч, односно 763 милји на час. Потребни му биле само неколку секунди за да помине една милја.

Railed vehicle – Воз

This photo taken on March 29, 2018 shows a TGV (train a grande vitesse) at Lille train station. / AFP PHOTO / PHILIPPE HUGUEN

 

 

Најбрзиот конвенционален воз изграден за превоз на патници се наоѓа во Франција -TGV -tres grande vitesse,  што во превод значи многу голема брзина. На тестот за брзина кој се одвивал во 1990та година, овој воз постигнал брзина 733 км/ч (456 милји на час), а притоа му биле закачени само неколку вагони.

Додека пак рекорд на конвенционален воз кој патува на одредена рута, а тоа рутата Париз – Стразбур, е постигнат во 2007 година, кога овој воз развива брзина од 574 км/ч (357 милји на час).

Неконвенционално возило

Во 2003 година, со локација во базата на холандските воздушни сили,  беспилотно возило опремено со ракетен мотор развило брзина од 10385 км/ч (6453 милји на час). Оваа постигната брзина е поголема за 8 пати од брзината на движењето на звукот.

Water-borne vehicle – Возило кое се движи по водена површина

Во Блауринг Дем, Австралија во 1998 година, возило кое се движи по водена површина, управувано од страна на Ауси Кен Ворби разви брзина од 510 км/ч (317,18 милји на на час). Ворби не само што го управувал своето возило т.н. „Духот на Австралија“, туку тој самиот го проектирал и го изградил истото.

Моторцикл

Американецот Дејв Кампос го возел својот моторцикл во Bonneville, Salt Flats, Utah  со просечна брзина од 518 км/ч (322, 87 милји на час).

Велосипед

Фред Ромпелберг од Холандија е најбрзиот човек кој се движел со својот велосипед. Професионалниот велосипедист постигнал брзина од неворојатни 268 км/ч (167,04 милји на час). Исто така, својот зафат го извел во Bonneville, Salt Flats, Utah во 1995 година .

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *