ПРИШТИНСКИОТ МЕЃУНАРОДЕН АЕРОДРОМ ГО ИМПЛЕМЕТИРАШЕ РЕШЕНИЕТО ЗА ПОЛЕТУВАЊА НА ШПАНСКАТА ИТ КОМПАНИЈА AMADEUS TECHNOLOGY
Приштинскиот меѓународен аеродром го имплементираше решението за полетувања ( Altéa Ground Handler Departure Control solution – DCS) на шпанската ИТ компанија Amadeus technology и облак – системот за консолидација на багажот (Cloud-based Baggage Reconciliation System -BRS).
Аеродромот ја подобри интероперабилноста и ги намали трошоците за обработка за 20 % од почетокот на спроведувањето на технологијата на Amadeus.
Главниот оперативен директор на Limak Kosovo International Airport JSC, Гакмен Аритај изјави: „како што продолжуваме да го зголемуваме бројот на патници , да отвораме нови линии и да привлекуваме авиокомпании, од витално значење е да работиме ефикасно, агилно и доверливо поткрепено со целосно интегриран пакет на решенија.
„Затоа ги одбравме решенијата за контрола на поаѓање на Altéa Ground Handler Departure Control solution (DCS) и Cloud-based Baggage Reconciliation System (BRS). Соработката со Amadeus technology не поддржува во нашата мисија да обезбедиме одржливо и безбедно опкружување и континуирано да го зголемуваме квалитетот на нашите услуги.“ – продолжува да вели во својата изјава Аритај.
Меѓународниот аеродром во Приштина годишно пречекува околу 2 милиони на патници. Аеродромот ја разви својата инфраструктура и ја прошири својата мрежа маршути поради зголемување на бројот на летови.
Следствено, со распоредувањето од страна на Amadeus Altéa DCS, аеродромот може да ја подобри својата оперативна агилност и да ги намали трошоците поврзани со чекирањето и тежината и балансирањето на авиокомпанијата.
Решението на Amadeus BRS ќе му овозможи на аеродромот усогласеност со Резолуцијата 753 на IATA, која стапи на сила минатиот месец.
Шефот на Amadeus Airport IT EMEA, Јаник Беунардо изјави: „Воодушевени сме што еден од најуспешните и најиновативните аеродроми на Балканот познат по својата оперативна совршеност и посветеност кон услугите кон клиентите, донесе решенија што дополнително ќе ја дополнуваат ефикасноста и ефективноста на јадрото на операциите во рамки на аеродромот.“