ПРИВАТИЗИРАНО РЕЧНОТО ПРИСТАНИШТЕ ВО НОВИ САД, СЛЕДАТ ПРИСТАНИШТАТА БЕЛГРАД И СМЕДЕРЕВО

P&O Ports Dubai со седиште во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, и Министерството за економија на Србија го потпиша договоророт за приватизација на речното пристаниште на Дунав во Нови Сад вреден 7,99 милиони евра, објави во петокот Министерството за транспорт и инфраструктура на Р. Србија. P&O Ports Dubai работи во рамките на DP World, кој е трет по големина оператор за пристаништа во светот.

Директорот Антоловиќ изјави дека P&O Ports Dubai ќе инвестираат околу 30 милиони евра во пристаништето Нови Сад со цел да го подобрат квалитетот на работењето и да го поврзат со останатите речни пристаништа низ цела Европа. Планираната сума за инвестирање е двојно поголема од обврската за инвестиции со договорот за приватизација.

Новиот сопственик ќе ги задржи сите свои вработени и ќе го зголеми капацитетот на пристаништето до 2,5 милиони тони годишно од сегашните 1,2 милиони тони.

DP World изведува работи во 41 земја на шест континенти и има повеќе од 35.000 вработени со годишен приход од повеќе од 4 милијарди долари. Тоа е трет оператор на пристаништата во светот, и за прв пат преку новосадското пристаниште ќе излезе на реката Дунав.

Министерката Михајловиќ, која присуствуваше на потпишувањето на договорот, изјави дека Владата на Србија ќе инвестира 200 милиони евра во водниот речен сообраќај и додаде дека парите за ова веќе се обезбедени со буџетска гаранција и договор со Европската инвестициона банка во вредност од 100 милиони евра.

Михајловиќ најави дека во март следната година ќе започне уредувањето на пристаништето во Смедерево, а во моментов е во фаза на изработка на проектно-техничка документација за уредување на пристаништето во Белград, но исто така се разговара за уредувањето на пристаништето во Сремска Митровица.

Пристаништето Нови Сад се наоѓа во автономна покраина Војводина и во него работат 10 затворени магацини со вкупна површина од 45.968 квадратни метри.

One thought on “ПРИВАТИЗИРАНО РЕЧНОТО ПРИСТАНИШТЕ ВО НОВИ САД, СЛЕДАТ ПРИСТАНИШТАТА БЕЛГРАД И СМЕДЕРЕВО

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *