ПРЕГЛЕД НА ВЕСТИ ОД СВЕТОТ ЗА ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ ПРЕВОЗ

Канадската железница Pacific потпиша договор за превоз на пратките на Yang Ming Marine Transport Corp од пристаништето Ванкувер на три години започнувајки од 1 јануари 2020 година.

По успешната проба во Европа, CFL Multimodal ќе започне да ја користи Traxens опремата за следење на товарот помеѓу Европа и Кина.

Технологијата што ја користи Traxens, овозможува локална интерконекција на различни безжични уреди, отвора нови можности за следење на состојбата на пратките и на копнениот дел од транспортот“, изјави Марк Валете, Директор за иновации на CFL Multimodal. „Ќе овозможи поврзување на различни елементи од мултимодалниот систем во иднина, обезбедувајќи транспарентни и точни информации и подобрувајќи го квалитетот на услугите и информациите кои се доставуваат до клиентите“.

Канада на 24 мај ги стави на јавна расправа предложените регулативи за аудио и визуелно снимање во локомотивите. Владата вели дека тие „одразуваат внимателен баланс меѓу мерките за зголемување на безбедноста во железничкиот сообраќај и штитење на правата на приватност на железничките работници“.

Словачкиот оператор Будмар презеде пет Вектрон мултисистемски локомотиви нарачани од Сименс за 20 милиони евра, и изјави дека се преговара за купување на повеќе.

UTLC ERA и Belintertrans до сега оваа година отпремија 23 контејнери на млеко и обезмастена крема од Брест до Женгжу, Чонгкинг и Вухан и 41 танк-контејнери со млеко во прав од Кољадичи до Чонгкинг. Транзитното време е 12 дена.

Кина стана трет по големина пазар за извоз на белоруско млеко во прав и кондензирано млеко“, изјави претседателот на UTLC ЕРА Алексеј Гром. „UTLC ERA е фокусиран на понатамошниот развој на извозните испораки на овие стоки во различни градови во Кина“.

RZD Logistics (Руски железници Логистика) и нејзината подружница на Far East Land Bridge започнаа два пати неделно со редовни услуги помеѓу Донггуан во Кина и Ворсино во регионот на Калуга во Русија, преместувајќи ја појдовната станица од Гуангжу. Превозот вклучува ткаенини, козметика, подни облоги и стока за широка потрошувачка. РЖД Логистик соопшти дека ја префрлил појдовната точка, бидејќи субвенциите ќе обезбедат поповолни цени за превозниците.

 

One thought on “ПРЕГЛЕД НА ВЕСТИ ОД СВЕТОТ ЗА ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ ПРЕВОЗ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *