ПРЕВОЗОТ НА СТОКА СО ЖЕЛЕЗНИЦА ОД ЈАПОНИЈА ДО ЕВРОПА ЗА 19 ДЕНА!

РЖД Логистик и ФЕСКО Транспорт Груп ја започнаа првата транзитна услуга за превоз на стоки преку Транссибирската железница од Јапонија до Европа преку далечниот исток на Русија.

Пробниот воз на новиот сервис Trans-Siberian Landbridge замина од пристаништето во Јокохама на 23 мај. Вкупното време на превоз е 19+ дена во зависност од крајната дестинација во Европа, додека времето на прекуокеанскиот превоз преку Суецкиот канал би било најмалку 45 дена.

Интермодалниот ланец на сервисот Trans-Siberian Landbridge започнува од пристаништето Јокохама – пристаниште Владивосток – Трансибирската железница – Брест – дестинација во Европа. Пристигнувањето на пробниот воз што пренесува нетоксични хемиски производи од јапонското пристаниште Јокохама до полскиот град Вроцлав пристигна овој викенд.

Како дел од заедничкиот транзитен производ, FESCO го обезбедува превозот на морскиот пат помеѓу Јокохама и Владивосток, како и пристанишните услуги и обезбедува контејнери, додека RZD Logistcs е одговорен за организирање на железничкиот транспорт.

Врз основа на пробниот воз, компаниите ќе ја завршат работата на транспортната технологија за да ја направат услугата достапна за клиентите од крајот на јуни 2019 година, по што ќе се организира превоз од Европа до Јапонија. Преку овој сервис се очекува да се превезуваат делови од автомобили, како и стоки за широка потрошувачка.

Со овој проект сакаме практично да го демонстрираме нашиот потенцијал за соработка со јапонските компании преку понуда на модерни конкурентни транспортни производи. Гледаме голем потенцијал за соработка со јапонските колеги и сакаме да ја искористиме моменталната инфраструктура покрај другото и за превоз на стоки од Јапонија – изјави Александар Мишарин, прв заменик генерален директор на Руските државни железници-РЖД.

Руските државни железници и јапонското Министерство за транспорт се согласија да развијат мултимодални транспортни услуги преку далечните источни пристаништа на Русија и Трансибирската железница. Во текот на изминатите 5 години, РЖД инвестираа 5 милијарди долари во развојот на источната железничка мрежа, што овозможи зголемување на обемот на превоз за 30%.

Во моментов, товарниот сообраќај меѓу Јапонија и Европа изнесува 3 милиони TEU годишно и поминува низ Суецкиот канал, но постои можност да се понудат многу побрзи и поефикасни услуги преку Трансибирската железница.

Примери на поединечни цени:

  • Yokohama, Sendai, Kobe, Shimizu, Nagoya, Toyamashinko – Vladivostok – Warsaw (Полска). Цена за 1×40’ контејнер е 4 850 USD*
  • Yokohama, Sendai, Kobe, Shimizu, Nagoya, Toyamashinko – Vladivostok – Frankfurt (Германија). Цена за 1×40’ контејнер е 4 780 USD*
  • Yokohama, Sendai, Kobe, Shimizu, Nagoya, Toyamashinko – Vladivostok – Rotterdam (Холандија). Цена за 1×40’ контејнер е 5 180 USD*
  • Yokohama, Sendai, Kobe, Shimizu, Nagoya, Toyamashinko – Vladivostok – Ostrava (Чешка Република). Цена за 1×40’ контејнер е 5 320 USD*

* финалната цена зависи од видот на стока, видот на услуги итн.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *