ПРАГА ЗЛАТНИОТ ГРАД ОД БАЈКИТЕ
Прага, „златен град“ и „град на сто кули“, место каде што брзо ќе се изгубите по нејзините живописни улици, почувствувајки го прашкиот готски дух и многуте можности што ви ги нуди!
Навистина, Прага е град од бајките! Сите тие цркви, мостови и кули, како да се извлечени од минатото и залепени во денешно време, само за нас, како сите да се изградени од ист мајстор! Имено, Прага е јасно, хм, најдобро да се каже компактен град, како една рака да го клесала. Ова се вели дека е случај во многу средноевропски градови, но во Прага е некако особено изразено.
ЗНАМЕНИТОСТИ
Плоштадот на Вацлав – Václavskih náměstí
Можеби најдобро е да се започне од Плоштадот на Вацлав (Václavskih náměstí), плоштадот со името на патронот на овој град, Св. Венцислав и со чиј простор, како старател, доминира зградата на Националниот музеј. Плоштадот изгледа особено импресивно ноќе и особено за новогодишната ноќ.
Се разбира, ако ги игнорирате сите улични продавачи што ќе се појават зад зградата и ќе се обидат да ви продадат некоја чанта или накит. Момците се обидуваат да објаснат како сето тоа е произведено директно од фабриките на Армани или Прада, но луѓето во овие времиња не веруваат во тоа.
Старо место – Staré Město
Пред да слезете во Старо место (Staré Město), посетете го еврејскиот кварт на Јозеф, најпознат по своите живописни синагоги, а по неговото разгледување, ќе бидете покрај Стариот градски плоштад (Staroměstské náměstí), дел од градот заштитен од УНЕСКО.
Катедралата Тин (Týnský chrám), со своите две карактеристични кули, е еден од симболите на овој плоштад. Ова е веројатно најубавиот дел на Прага, кој зрачи со посебна атмосфера и место каде се сместени Градското собрание и црквата Св. Никола.
Тука е Астрономскиот часовник, на кој се одржува мала претстава „прошетка на апостолите“ на секој полн час, , но дојдете порано, илјадници луѓе сакаат да го гледаат ова, така што тоа е добро видливо само од првиот ред! Легендата вели дека градските татковци биле толку воодушевени од убавината на Астрономскиот часовник за што ги му ги ископале очите на градителот како никогаш повеќе да не направи такво нешто, но ова е само легенда, тие се присутни за да нè забавуваат.
Карлов мост – Karlův most
Карлов мост, именуван по најпознатиот крал, Карло IV., е достоен за неговата улога. Прошетката по него е прошетка низ историјата и тоа во буквален смисол. Оригиналното име „Камен мост“ на исто место стои веќе неколку векови. Ако го погледнете малку подобро, ќе забележите дека не е целосно рамен. Поточно, неговите градители намерно го сториле тоа, така што потенцијалните освојувачи на градот, доколку дојдат од другата страна на реката, не би можеле да имаат непречен поглед на градските ѕидови.
Оставете си доволно време овде да се сликате со една од триесетте статуи, навистина може да потрае некое време, а за на крај дозволете си прекрасен поглед од кулата на самиот крај (или почеток) на мостот, во зависност од која страна доаѓате.
Од левата страна на реката Влтава се наоѓа Мала Страна, вистински барокен бисер на архитектурата, како и Храдчани, историскиот дел на градот во кој е сместен прекрасниот Прашки град, најголемиот антички замок во светот. Неговата историја се навраќа до 9. век, а денес е седиште на чешкиот претседател.
Златната уличка (Zlatá ulička) е најпозната по славниот писател Франц Кафка, како и по многуте разнобојни куќи, чии катови се поврзани заедно, во една целина.
Ако не сте ја сакале Прага заради културата, ќе ја засакате заради ноќниот живот. Безброј пивници и многу клубови ќе ги задоволат сите што сакаат забава, па дури и оние што се не расположени после неколку чаши Бехеровка или Крушовица веќе нема да бидат. Карлови Лазне, најголемиот градски клуб на пет спрата, Рокси или Лавка, нудат нешто за сечиј вкус. Дојдете и верувајте, нема да зажалите!
ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ ВО ПРАГА
Најважната алка на јавниот превоз во Прага (www.dpp.cz) се метро линиите (црвена, зелена, жолта), кои ги опфаќаат најважните делови на градот. Трамвајската мрежа е исто така високо развиена и со нејзе е премрежен скоро целиот град. Автобусите главно покриваат делови од градот кои не се достапни со метро или трамвај.
Метрото работи до полноќ, а во текот на ноќта има трамваи и автобуси. Трамваите навечер возат преку центарот на градот на секои 15 минути, а на рабовите на градот на секои 30 минути. Автобусите возат на секои 30 минути во текот на ноќта.
Билетите се продаваат на продажни машини, кои се наоѓаат на сите метро станици и на дел од надземните станици, во уредите за продажба, информативните центри и киосците.
Трансфер до прашкиот аеродром
Можете да користите јавен превоз за да стигнете до аеродромот во Прага. Постојат три различни комбинации кои ќе ве одведат на аеродромот и сите подлежат на редовни билети за јавен превоз. Комбинациите се следни:
Метро линија А (станица Дејвицка – Dejvická) + автобус број 119
Метро линија Б (станица Зличин – Zličín) + автобус број 100
Метро линија Б (станица Ново Бутовице – Nové Butovice) + автобус број 179
Исто така постои и експресна линија на АЕ (Аеродром Експрес). Започнува од Централната железничка станица (Hlavní nádraží) и застанува на една од последните станици на метро линијата А – Дејвицка – Dejvická.
Цените се наведени во табелата подолу.
Вид на билет | Цена |
---|---|
Редовен билет
Важи 90 минути од поништувањето
|
32 CZK
|
‘Краток’ билет (30 минути)
Важи 90 минути од поништувањето.
|
24 CZK
|
24-часовен билет
Важи 24 часа од првото поништување и може да се користи за неограничен број на возења во овој временски период.
|
160 CZK
|
72-часовен билет
Важи 72 часа од првото поништување и може да се користи за неограничен број на возења во овој временски период.
|
310 CZK
|
Месечен билет
Овој билет може да ви се исплати ако во Прага останувате најмалку 6 дена. Причината е цената на две 72 часовни билети е колку месечниот билет.
|
550 CZK
|
Airport Express
Тргнувањата се на секој 30 минути, а возењето трае нешто повеќе од половина час.
|
60 CZK (од главната железничка станица)
40 CZK (од Дејвицка – Dejvická)
|
КАКО ДО ПРАГА
Авион
Од Скопје за Прага и обратно не постојат директни летови. Најефтината и варијанта со најмалку патување ( во еден правец околу 5 часа) е преку Варшава со ЛОТ или преку Виена со Аустриан ерлајнс. Цената на повратниот билет изнесува околу 200 евра.
Останат превоз
До Прага можете да патувате и комбинирано, од Скопје до Будимпешта со авион, а од Будимпешта наредниот ден да го продолжите патувањето до Прага. Поред комбинираниот имате и автобуски превоз кој нема значителна разлика во цената со авионскиот превоз.
Ви останува уште една варијанта, а тоа е превоз со сопствено возило, пришто треба да поминете 1320 км. и потрошувачката заедно со патарините во еден правец изнесува околу 180 евра. Патувањето трае околу 12 часа преку Србија и Унгарија.
Агенциски патувања
Прага е едно од омилените места на нашите граѓани и поради тоа агенциите често го вклучуваат во своите програми.
КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ
Размена на валута
Најдобро е да купите чешки коруни пред да заминете, затоа што во Прага можеби ќе се изморите да најдете добар курс, а најдобриот веројатно ќе бидат полош од оној што би ги добиле при подигнување на готовина од банкомат.
Доколку не сте го сториле тоа, при влегување во менувачницата обрнете внимание на провизиите. Имено, скоро сите менувачници имаат натпис „нема провизија“ или „0% провизија“, но тоа не значи дека тие навистина немаат никакви надоместоци. Затоа, најдобро е да го прашате службеникот на шалтер дали курсот е прикажан на екранот и последната сума што ќе ја добиете дали соодејствува или ќе се намали. Ова правило важи не само за менувачници, туку и за банки, кои скоро без исклучок наплатуваат надоместок за промена на валутите.
Пивници и пабови
Чешката Република е земја за пиво, и тие навистина го покажуваат со голема понуда на пивници, каде што можете одлично да јадете и пиете по ниски цени. Цените на пиво во предградијата започнуваат од околу 20 коруни (околу 50 денари), додека во центарот се малку повисоки, но секако не надминуваат 35 коруни за 0,5 л. Секако, во „туристичките“ пивници цените се повисоки, но повеќето имаат истакнато на влезовите ценовник, така што секогаш можете да одите една улица подолу и да пронајдете нешто поевтино.
Една од најпопуларните пивници е „Кај Флек“ – U Fleků (близу Карлов Плоштад, www.ufleku.cz), со пивара стара над 500 години! Оваа пиварница произведува одлично црно пиво „13 °“, но единствена мана на пивницата е што има голем број на туристи и доведува до гужва и повисоки цени.
Постојат многу други одлични пивници, нешто потивки и помалку „туристички“ – на пример, Пивоварски Дам (www.gastroinfo.cz/pivodum), У Вејводи (www.restauraceuvejvodu.cz) и У Медвидку (подземни Národní třída), но во центарот ги има скоро на секој агол, така што лесно можете да пронајдете нешто за себе.
Prague Card
Prague Card е картичка што ви овозможува бесплатен влез и значителни попусти за влез во многу градски знаменитости и употреба на јавниот превоз во Прага. Доаѓа во повеќе форми како картичка од 2 дена, 3 дена и 4 дена. Цените варираат за возрасни, за деца или студенти.
Prague Card ги има следните предности:
- Бесплатен влез во над 40 знаменитости;
- Попуст на билети на уште 30 атракции;
- Водич за атракциите вклучени во програмата;
- Бесплатен јавен превоз.
- Попусти на пловење по Влтава, разгледување на градот со автобус и сл.
Како и со другите градски картички, економичноста на оваа картичка ќе зависи од тоа колку знаменитости планирате да посетите. Но, бидејќи билетите не се толку скапи во Прага, навистина мора да посетите многу знаменитости за да се исплати картичката.