ПОШТА СЛОВЕНИЈА ЈА ТЕСТИРАШЕ ИСПОРАКАТА НА ПРАТКА СО БЕСПИЛОТНО ЛЕТАЛО
Пошта Словенија го изведе првиот тест-лет со беспилотно летало, со што ја испорача пратката до поштата во Вршич на Крањска Гора. Летот е извршен во соработка со OneDrone – првиот словенечки оператор на беспилотни летала од најновата генерација, специјализиран за воздушни операции во исклучително тешки услови, како и стариот ElevonX SkyEye, производител на авиони и компоненти.
Како што е најавено, словенечката пошта започнува иновативен проект со цел да најде нови деловни можности, како и со намера да учествува во формулирање на регулативи во областите што го регулираат летањето и управувањето со беспилотните летала во Словенија. Многу компании ширум светот успешно испорачуваат широк спектар на пратки на овој начин, додека сегашното европско законодавство сè уште не дозволува летови надвор од видното поле.
Со започнување на пробни летови, се подготвуваме за моментот кога ќе можеме со беспилотни летала да ја испорачаме потребната пратка до местата каде што конвенционалните возила не можат да пристигнат брзо и ефикасно. Имајќи ги предвид моменталните трендови, не сме далеку од употребата на беспилотни летала во логистиката – изјавие Томаж Кокот, в.д. Генерален директор на поштата на Словенија.
Тој потсетува дека технологијата тоа го овозможува веќе подолго време, и дека развојот го попречуваат само прописите што го регулираат воздушниот простор.
Потенцијалот на беспилотните летала е многу голем – од транспорт на лабораториски примероци од оддалечени области, преку испораки од бродови до копното, па сè до испорака на пратки од областа на е-трговија, додава Кокот.
Меѓу главните предности на користењето беспилотни летала се намалувањето на загадувањето, оптимизирање на логистичките патишта, брза испорака на основните добра и материјали до тешко достапните и оддалечени области… Набавка и испорака на поштенски пратки до планинарските домови и колиби, како и отстранување на отпадот во спротивни насоки, исто така, претставува голем потенцијал. Истата состојба е во областа на испорака на лекови и медицински помагала во итни случаи.
Според Марјан Освалд, советник за управување со Пошта на Словенија, технолошки напредните земји – САД, Кина, Нов Зеланд, Австралија, Германија, Швајцарија, како и компании како Алибаба, Амазон и Гугл, се лидери во областа на развој на употреба на беспилотни летала за испорака. Во 2025 година, Кина се очекува да започне со испорака преку беспилотни летала, способни за транспорт на товар од еден тон на растојание до 1.500 км.
Имаме амбициозни планови и во ЕУ, бидејќи Европската комисија ја гледа иднината на беспилотните летала во земјоделството, енергетиката, како поддршка за спроведување на законските регулативи…
Извор: posta.si