ПОДОБРИ ПРАВИЛА ЗА ИНТЕРОПЕРАБИЛНОСТ НА ЕДИНСТВЕНАТА ЕВРОПСКА ЖЕЛЕЗНИЧКА ОБЛАСТ

На 16 мај, Европската комисија усвои серија правила кои се однесуваат на железничката интероперабилност, пристапот до воз на лица со намалена мобилност и заштитата од бучава од возовите.

Со оваа серија мерки се завршуваат подготовките на „техничкиот столб“ од четвртиот железнички пакет, усвоен од Европскиот парламент и Советот во април 2016 година, а неговата примена треба да започне на 16 јуни 2019 година.

Пакетот ќе помогне да се комплетира Единствената европска железничка област и со тоа ќе се исполни агендата на Комисијата за праведен и подлабок внатрешен пазар. Четвртиот железнички пакет има за цел да го ревитализира железничкиот сектор и европските железници да станат поиновативни и поконкурентни во однос на другите начини на транспорт.

Последните усвоени правила се од суштинско значење за подобрување на пристапноста на лицата со намалена мобилност, но исто така и да се спротивстават на едно од негативните влијанија предизвикани од транспортот кои влијаат врз човековото здравје – бучавата.

Тие, исто така, ќе го поттикнат воведувањето на интероперабилните возови, а особено ЕРТМС, основа на дигитализацијата на железниците и започнувањето на автоматизираните услуги, во корист на европските граѓани и индустријата.

Исто така, овој пакет ќе овозможи значително намалување на трошоците и административното оптоварување со доделувањето на Европската агенција за железници (ЕРА) одговорност за издавање на ЕУ употребна дозвола за возилата и сертификација за вршење на операции.

Одредбите за граѓаните со намалена мобилност ќе обезбедат подобар пристап до информации за опремата во сите железнички станици ширум Европа.

„Го поставуваме критичниот столб на нашата визија за железничкиот транспорт, со нашите граѓани во срцата. Комисијата сега ги финализираше сите подготвителни работи на Четвртиот железнички пакет. Земјите членки сега мора да дејствуваат брзо и да ги имплементираат новите правила за да создадат вистинска интероперабилна железничка мрежа која ќе го направи железничкиот сообраќај попривлечен, посигурен и конкурентен, а истовремено ќе ги намали трошоците за железничките услуги во Европа“, рече Комесарот за транспорт, Виолета Булц.

Извор: www.railwaypro.com

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *