ПОВЕЌЕ ОД 2.000 КАМИОНЏИИ КАЗНЕТИ ЗА ДОЗВОЛА ЗА ПРИСТАП ДО КЕНТ
Повеќе од 2.000 возачи на камиони беа казнети оваа година затоа што немаа дозвола за пристап до Кент. По барањето испратено од Би -Би -Си за информациja, Министерството за транспорт на Обединетото кралство потврди дека 2.129 возачи на камиони се фатени без дозвола, што е прекршување за кое следува глоба во висина од 300 фунти.
Споменатиот систем на дозволи функционираше од 1 јануари до 20 април и беше воведен „со цел да се намалат големите гужви по завршувањето на преодниот период на Брегзит“. Сепак, според Би -Би -Си, метежот не бил значително намален и дозволите биле непотребни.
Патем, овие постапки беа крајно непопуларни кај возачите и превозниците. За BBC News, Роб Холиман, директор на компанијата Youngs Transportation and Logistics, ја нарече дозволата за пристап во Кент „нечуена и непотребна“ и рече дека ги „киднапира возачите на камиони“.
Од наплатените глоби, 638.000 фунти се внесени во државната каса!