ПЕКОЛНА ВЕРИЖНА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА 22 ВОЗИЛА НА АВТОПАТОТ „МАРИЦА“ ВО БУГАРИЈА, ИМА ДВАЈЦА ПОЧИНАТИ ВОЗАЧИ
Вчера наутро на автопатот „Марица“ во близина на Харманли, место пред бугарско-турската граница кај Свиленград се случи голем верижен судир на 22 тешки товарни возила што се движеле во конвој.
Според првичните информации, вчера рано наутро формиран е конвој од 70-тина тешки товарни возила на бугарско-турската граница и го започнало своето движење кон Бугарија и транзит кон европските земји.
Тешките товарни возила се движеле во конвој пратен од сообраќајната полиција со брзина од 90 км/ч. Поради лошите временски услови, имало утринска магла во областа Харамнли и ненадејното сопирање на првиот камион предизвикало 21 товарно возило буквално да се нанижат еден во друг.
Поради сообраќајната несреќа била затворена една лента на автопатот и движењето било отежнато. Истата во изминатото деноноќие е расчистувана и од денес наутро автопатот е целосно ставен во функција.
Во тешката сообраќајна несреќа има двајца починати возачи на камион, едниот е бугарски државјанин на 62 годишна возраст, а останатиот е турски државјанин на 46 годишна возраст. Исто така, во несреќата има пет повредени возачи кои се задржани во болница, а останите 7 се со полесни повреди.
При избегнување на верижниот судир некои од тешките товарни возила удриле во минибус и неколку автомобили.
Воведувањето на конвојското движење на тешките товарни возила на повеќе меѓудржавни граници низ Европа предизвика отежнато движење на истите, го намали протокот на стока и најважното ја загрози безбедноста на возачите.
Имено, начинот на конвојското движење низ одредена држава предизвика возачите да чекаат и по 24 часа истиот да се создаде, при што ова продолжено транзитно време доведе повеќето европски земји да се откажат од правилото за одмор и работа на возачите.
За жал денес со појавата на коронавирусот, возачите се доведени во состојба, со голем умор и тежок стрес да се движат по патиштата и да ја доведуваат сопствената и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот во опасност.
Со намалена фрекфенција на патничиот сообраќај по патиштата, час поскоро треба да се доведе во нормална функција товарниот превоз, бидејки професионалните возачи сегашниот начин на работа нема да можат да го издржат.