ОД УТРЕ СТАПУВААТ НА ВАЖНОСТ НОВИТЕ РЕГУЛАТИВИ ЗА ВРЕМЕТО НА ВОЗЕЊЕ ВО ЕУ
Британското Министерство за транспорт ги потсетува превозниците дека регулативата на ЕУ за времето за возење и за возачите се менуваат од утре, 20 август.
Време на возење
На возачот ќе му биде дозволено да го надмине дневното или неделното време на возење максимум еден час за да стигне до својата база или местото на живеење, за да стигне на редовниот неделен или скратен одмор. Сепак, услов е дополнителниот час возење да не ја загрозува безбедноста на патот.
Секое продолжено работно време мора да биде компензирано со еквивалентен период на одмор, преземено во еден потег пред крајот на третата работна недела после неделата во која се случило продолженото возење.
Сите возења што возачите го прават според правилата на ЕУ, мора да бидат снимени на тахограф.
Промени во правилата за возење во ЕУ од 20. август
Новите правила вклучуваат:
- возачите треба „да се вратат дома“ на секои 4 недели;
- забрана за користење редовни неделни одмори во возилото на возачот;
- нова дефиниција за „некомерцијален превоз“
- поголема флексибилност во распоредот на периодот за одмор за некои возачи на меѓународен превоз на стоки;
- нови одредби за одмори и паузи за возачите кога патувањата вклучуваат превоз со ферибот или со железница;
- нов услов да се води целосна евиденција за сите останати работи.
Тука ќе го најдете ликот од Упатството за последните измени за возењето во ЕУ регулативата на англиски јазик