ОД НОЕМВИ ВО СЛОВЕНИЈА КАМИОНИТЕ СО ЗАБРАНА ЗА ПРЕСТИГНУВАЊЕ НА СИТЕ АВТОПАТИ

Словенечкиот министер за инфраструктура Јернер Вртовец рече дека забраната за престигнување на тешки товарни возила на делницата Шентиљ-Копер дала многу добри резултати и дека од ноември забраната ќе се применува на сите автопати во оваа земја.

Забраната за престигнување за камиони потешки од 7,5 тони на автопатот од Шентиљ до Копер дава добри резултати. Особено, го подобривме протокот. Затоа, се согласивме со ДАРС (Компанија за автопати во Република Словенија) дека од 1.11. оваа забрана ќе се однесува на целата автопатска мрежа – напиша словенечкиот министер.

Забраната за престигнување на камиони важи од 15 јануари на најпрометниот автопат А1 во текот на денот (од 6 наутро до 18 часот). На камионите им е дозволено да престигнуваат во текот на ноќта, а во текот на денот тие можат да го сторат тоа на делови каде што има три ленти. За прекршување на прописите одредена е глоба од 300 евра .

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *