ОБЈАВЕНА НОВА УРЕДБА ОД СТРАНА НА ИТАЛИЈАНСКАТА ВЛАДА ЗА СПРАВУВАЊЕ СО КОРОНАВИРУСОТ

Според најновите соопштенија на италијанското Министерство за транспорт, нема затворање или ограничувања за транзитот на стоки и целиот производствен ланец до и од областите во северна Италија. Воведените ограничувања не забрануваат патување од докажани деловни причини. Стоката може да се увезува и извезува во односните области.

Во врска со Уредбата на Претседателот на Советот на министри од 8 март 2020 година, се прецизира следново:

ВЛЕЗ И ИЗЛЕЗ НА ЛИЦА ОД ПОДРАЧЈАТА ПОД КАРАНТИН

Ограничувањата воведени денес не забрануваат патување од докажани деловни причини. Лицата кои не се подложни на карантин или не се позитивно тестирани на вирусот, лицата кои работат ќе можат да влезат и да ги напуштат односните територии за да стигнат до своите работни места и да се вратат дома. Заинтересираните ќе можат да ја докажат деловната причина за овој потег со какви било средства, вклучително и изјава што може да се поднесе во полиција во случај на какви било проверки.

ВЛЕЗ И ИЗЛЕЗ НА ПРОИЗВОДИ ОД ПОДРАЧЈАТА ПОД КАРАНТИН

Стоката може да влезе и да ги напушти погодените територии. Транспортот на стока се смета за деловна потреба: персоналот кој управува со превозните средства може да влезе и да ги напушти засегнатите територии и да се движи во нив, ограничено за потребите на испорака или товарање на стоката.

Ова се дел од последователните мерки за спроведување на одредбата од 23 февруари 2020 година, а содржат итни мерки во врска со ограничување и управување со епидемиолошката вонредна состојба од КОВИД-19. (20A01522) објавени во Службен весник на Р. Италија бр.59 од 08.03.2020 година.

Ако не сте сигурни каков е статусот на вашето место (на вашата точка за товарање или истовар), препорачуваме да бидете информирани за тековните ограничувања на патувањето, објавени од италијанските власти, а потоа да го контактирате вашиот превозник за да ја разјасните ситуацијата.

Состојбата и препораките за безбедност се менуваат многу брзо.

Повеќе информации за состојбата можете да најдете на следните линкови:

www.protezionecivile.gov.it

www.mit.gov.it/comunicazione

www.salute.gov.it

Во врска со правата и обврските при извршување на транспортот, стручните лица од Тимоком ги препорачуваат следните постапки со налозите:

Каква е правната состојба ако транспортот сè уште не започнал?

Во случај превозот сè уште да не започнал, а во случај на постојан карантин, може да се случи она што е познато како објективна невозможност. Договорите во врска со транспортот што не може да се исполнат без оглед на тоа лице што ги извршува, генерално се сметаат за неважечки. Затоа, секој таков договор нема да предизвика никаква обврска. Камионот не мора да го обезбеди шпедитерот или превозникот, а давателот на услугата не прима никаков надомест за фактот дека транспортот не може да се изврши.

Ако пред да се натовари стоката, јасно е дека налогодавачот на превозот или примателот не работат со претпазливост во врска со коронавирусот, тогаш откажувањето би било одговорност на налогодавачот на превоз, под услов да не можат да докажат дека постои забрана за превоз или утоварно/истоварни операции по наредба од надлежните.

Во секој случај, препорачуваме однапред да разговарате со вашиот налогодавач.

Каква е правната состојба за транспортот во тек?

Доколку како шпедитер или превозник, имате прифатено налог за превоз, тогаш во принцип е во сила правно обврзувачкиот договор со вашиот клиент за превоз.

Ако започнатиот транспорт е за регион зафатен од коронавирус, што обично за започнат се смета после утоварот на стоката, може да се соочите со мерките што ги преземаат властите, како што се блокади на пристапни патишта или карантин за цели градови во кои планирате да возите за да ја испорачате стоката. Во овој случај, се соочувате со она што е познато како пречки во транспортот.

Затоа, во овие случаеви се применуваат член 14 и понатаму од ЦМР конвенцијата, односно за вас важат и националните транспортни прописи. Во овие случаеви сите промени што треба да се направат во нарачката за транспорт бараат упатство од налогодавачот на превоз, на пример, промени во превозниот пат, место на истовар и сл..

Во овие случаеви, превозникот има право на наплата за дополнителни трошоци, како што се дополнителни трошоци за пат, предизвикани од потребата да се однесе стоката понатаму.

Превозникот не може да го заврши превозотт сè додека налогодавачот, не одбие да обезбеди алтернативни упатства или во случај кога споменатите упатства се неразумни. Предупредување! Во овој случај, превозникот е одговорен за соодветно складирање на стоката. Во некои случаи, како на пример кога стоката е брзорасиплива, превозникот може да размисли за итна продажба.

Истото важи, на пример, ако испраќачот или примателот на стоката го има затворено или ставено под карантин својот објект, а со тоа товарењето или истоварот на стоката не е можно да се извршат. Во случај на сомнеж, превозникот треба да обезбеди доказ дека објектот бил под карантин или затворен.

Повеќе информации за затворени патишта мошете да најдете на следниот линк www.truckban.info.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *