ОБНОВЕНИОТ ДЕЛ ОД АВТОПАТОТ ПОМЕЃУ БАТРОВЦИ И ШИД ПУШТЕН ЗА СООБРАЌАЈ
Пет километри од целосно реконструираниот автопат од граничниот премин Батровци до Шид денес е пуштен во сообраќај. Со завршување на овие работи, ќе се растовари граничниот премин за време на летната сезона.
Инвеститорот “Путеви Србијa” и изведувачот “Интеграл” ветија дека реконструкцијата на целата делница од 21,6 километри ќе биде завршена до 15-ти ноември.
Од утре започнуваат работите на мостот на реката Босут, а моментално се изведуваат работи пред наплатната рампа Шид (насока кон Хрватска) и пред наплатната рампа Кузмин.