НОВ ТАХОГРАФ ЗА ДА СЕ ПРИМЕНАТ ПРАВИЛАТА ОД ПАКЕТОТ ЗА МОБИЛНОСТ
Новата генерација на Континентал тахографи го снимаат моментот на преминување на границата. На овој начин, со Континентал ќе се обезбеди усогласеност со прописите содржани во пакетот за мобилност, кој, по повеќе од 3 години работа, беше усвоен од страна на Европскиот парламент минатата недела.
Пакетот за мобилност е поттик за создавање нови решенија за транспортната индустрија. Тоа секако направи притисок за Континентал да започне да работи на нова генерација тахограф. Паметниот тахограф ДТЦО 4.1 ќе го сними моментот кога возило ќе ја премине границата за да го олесни следењето на усогласеноста со прописите за каботажа, како и прописите за работното време на возачот, пренесува autotechreview.com.
ДТЦО 4.1 го регистрира граничниот премин со помош на GPS позиционирање. Уредот ќе ги регистрира и местата каде што се товарат и истовараат возилата. Инспекциските органи ќе можат да ги користат овие податоци за да проверат дали, на пример, операциите како што е каботажа се извршени во согласност со правилата.
Со користење на GPS сигналот, ова ќе биде една од првите апликации во индустријата што ќе го користи решението Open Service Navigation Message Authentication (OSNMA) за автентикација на Галилео сигналот, информира порталот.