НОВИ ПРАВИЛА ВО ЕУ: ДИГИТАЛИЗАЦИЈА НА ИНФОРМАЦИИТЕ ЗА ТОВАРНИТЕ ПРЕВОЗИ

Новите правила ќе создадат единствена правна рамка за употреба на електронска информација за товарните превози за сите начини на транспорт.

Сите надлежни јавни власти ќе треба да ги прифатат информациите дадени по електронски пат на овластени платформи кога компаниите избираат да го користат овој формат за да обезбедат информации како доказ дека се исполнети законските барања.

Компаниите, исто така, ќе можат да ги дадат информациите на хартија доколку решат да го сторат тоа.

Во моментов, повеќето шпедитерски компании и други заинтересирани страни за транспорт користат хартиени документи.

Зголемената дигитализација на шпедициите и логистиката ќе доведе до значителни заштеди за деловните активности и ќе го направи транспортниот сектор поефикасен и поодржлив.

Следни чекори

Вчерашното гласање, по писмен пат, значи дека Советот го усвои својот став во првото читање. Правниот акт сега мора да го донесе Европскиот парламент на второ читање пред да биде објавен во Службениот весник.

Новата регулатива ќе стапи во сила 20 дена по нејзиното објавување, информираше прес-службата на Советот на ЕУ.

Пред да стапи во сила обврската на јавните власти да ги прифатат информациите дадени по електронски пат, а Комисијата ќе ги донесе соодветните технички спецификации.

Од прес-службата потсетија дека на 26 ноември 2019 година Претседателството и Европскиот парламент постигнале прелиминарен договор.

На 18 декември 2019 година, договорениот текст беше одобрен од амбасадорите на земјите-членки во Комитетот за постојани претставници (Корепер) и на 18 февруари 2020 година Советот го потврди политичкиот договор.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *