НОВИ ОЗНАКИ НА ПНЕВМАТИЦИТЕ НАМЕНЕТИ ЗА СИТЕ ВОЗИЛА

Од следната година пневматиците на возилата ќе имаат нови ознаки. Новите правила што се донесени од страна на Европскиот Парламент за прв пат ги опфаќаат и гумите за тешките товарни возила кои до сега не се обележуваа.

Започнувајќи од 1 мај 2021 година сите пневматици ќе бидат прецизно обележани.

Новите ознаки одобрени од страна на европратениците, во текот на следнава недела ќе им бидат преставени на потрошувачите и воедно ќе им се понудат повеќе информации.

Ова ќе им овозможи на потрошувачите избор на повеќе енергетски ефикасен избор на материјали за гуми на своите возила. Уште поважно е дека ознаката ќе биде задолжителна и за пневматиците на тешките товарни возила, кои во моментов не се опфатени со такво обележување.

Ознаките би требало да вклучат информации за ефикасноста на горивото, влажниот зафат и нивото на бучава која ја предизвикува гумата во насока  потрошувачите да можат да изберат побезбедни, поефикасни и потивки гуми за своето возило.

Гумите заради нивната отпорност при триење сочинуваат  20-30% од вкупната потрошувачка на горивото.

Според Европскиот Парламент, новиот систем на ознаки ќе помогне во однос на намалување на емисијата на CO2 до 10 милиони тони годишно.

Параметри и скали на ознаки

Во согласност со регулативата на Европската Унија во мај 2021 година, ознаките ќе содржат информации за влијанието на гумите врз потрошувачката на гориво (отпорност при тркалање) на скала од А (помала потрошувачка), до B,C,D и до E (најголема потрошувачка).

Тековната скала за влажниот зафат оди од А до G, многу слично на претходната скала во однос на влажниот зафат т.е. А (најголем зафат) и до Е (најмал зафат), тоа значи дека новата скала ќе биде од А до Е, а не како сегашната од А до G.

Индикацијата за бучава на гумата додека се вози истотака ќе се промени. Ознаките кои содржат и информации од типот на зафат на снежни и замрзнати патишта исто подлежат на промени.

Регулатива предвидува нови параметри: километража, абразија на гуми кои би се вовеле веднаш во моментот кога би се пронашле методи како истите да бидат измерени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *