НАЈЗНАЧАЈНИТЕ ВЕСТИ ОД ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СЕКТОР ЗА 2019 ГОДИНА

Ви ги пренесуваме клучните наслови на Railway-technology од 2019 година.

JICA понуди заем од 1,53 милијарди американски долари за железнички проект на Филипини

Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA) се согласи да обезбеди заем во износ од  JPY 167.199 милијарди (1,53 милијарди американски долари) за железнички проект во метрополата Манила, Филипини.

Агенцијата потпиша договор со филипинската Влада за обезбедување на официјален заем за развојна помош (ОДА) за Проектот за проширување на железничката пруга север-југ.

Кофинансиран од Азиската банка за развој (АДБ), проектот за проширување се очекува да го подобри урбаниот транспорт и да го намали загадувањето на воздухот во и околу Манила.

Wabtec го комплетира спојувањето во вредност од 11 милијарди американски долари со GE Transport

Wabtec го комплетираше договорот за спојување со GE Transport во вредност од 11 милијарди американски долари со што стана главен играч во снабдувањето со железничка опрема, транспортот и придружните услуги.

Соединувањето го комбинира Вабтековото портфолио за производство на товарни вагони, локомотиви, транзитни возила и портфолио на производи за електроника со решенијата на GE Transport за различни индустриски вертикали.

Претседателот и извршен директор на „Вабтек“, Рејмонд Т Бетлер изјави: „Ова е можност еднаш во животот да се собере на едно место скоро четири вековно колективно искуство за да се создаде технолошки напреден лидер со високо комплементарна палета на можности за движење и подобрување на светот.”

Британската железничка инфраструктурна компанија Network Rail ќе инвестира 42 милијарди фунти во инфраструктурата за зајакнување на перформансите

Британската компанија Network Rail  ги откри плановите за инвестиција од 42 милијарди фунти за надградба на возови, пруга и станици со цел зајакнување на сигурноста и подобрување на перформансите на железницата.

Network Rail  тесно соработува со железничките оператори кои управуваат со возовите и прави инвестиции во областите што се најважни за патниците и товарните корисници.

Network Rail  соопшти дека финансирањето ќе биде обезбедено во текот на пет години. Контролниот период 6 (CP6) започна на 1 април 2019 година и ќе трае до 2024 година.

Камбоџа и Тајланд воспоставуваат железнички услуги после 45 години пауза

Камбоџа и Тајланд воспоставија прекугранична железничка врска 45 години по нејзиното затворање за да го намалат времето за патување и да ја охрабрат трговијата меѓу земјите.

Тоа беше инаугурирано од камбоџанскиот премиер Самдехх Течо Хун Сен и премиерот на Тајланд, Прат Чан-о-ча.

Железничката врска ги поврзува железничка станица на градот Појет во Камбоџа со железничката станица Бан Клонг Луек во областа Араниапрат во Тајланд.

Индија издвои 9,62 милијарди американски долари за железниците од федералниот буџет

Индиската железница доби буџетска распределба од Рс 658,37 милијарди Рс (9,62 милијарди американски долари) од федералниот буџет оваа фискална година, споредено од минатата година кој изнесуваше Рс 550,88 милијарди (8,05 милијарди американски долари).

Индиската министерка за финансии Нирмала Ситараман, во нејзиниот говор за буџетската распределба, предложи  трошок за капитални инвестиции од 23,4 милијарди американски долари за железниците, што е највисоко ниво за овој сектор.

Во износот на расходите се вклучени годишната распределба на буџетот, како и средства од фондот Нирбаја, внатрешните ресурси и дополнителните буџетски ресурси.

Италијанскиот Сенат ја одобри брзата железничка врска со Франција

Италијанскиот Сенат ја одобри долго оспоруваната трансалпска брза железничка врска со Франција, на која се спротивставуваше еден од партнерите во владејачката коалиција.

Сенатот го отфрли предлогот на противничкото движење 5 ѕвезди, продлабочувајќи ја својата расправија со другиот коалициски партнер, Лигата, која ја поддржува изградбата на железничката линија.

Според извештајот на Ројтерс, предлогот бил одбиен со 181 глас против 110 гласа. После тоа, на друг предлог, поднесен од опозициската Демократска партија за поддршка на проектот, беше усвоен со 180 гласа за спрема 109 против.

Индонезија и Јапонија потпишаа договор за железнички проект Џakарта-Сурабаја во вредност од 4,3 милијарди американски долари

Индонезија потпиша договор со Јапонија за изградба на средно-брзински пруга за да ги поврзе нејзините два најголеми града, Џакарта и Сурабаја.

Договорот за изградба на железничкиот проект од 715 км го потпишаа Владата на Индонезија и Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA), која во јуни започна со спроведување на подготвителна анкета.

Проектот, во кој има некои постојни траси, се очекува двојно да ја зголеми сегашната на 160км/ч.

Нигерија го додели договор за железничка линија помеѓу Абуџа-Локоја во вредност од 3,9 милијарди американски долари на ЦРЦЦ

Нигериската федерална влада додели договор за јавно партнерство од 3,9 милијарди американски долари за новата железничка линија Абуџа-Итакпе-Локоја на Кинеската железничка градежна корпорација (ЦРЦЦ).

Минувајќи низ Баро, железничката линија ќе има дополнителен крак до главниот град Коги Локоја. Според договорот, кинеската фирма ќе изгради и пристаниште кај Вори.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *