НАЈГОЛЕМИОТ ПРОБЛЕМ ВО 2022 ГОДИНА ЌЕ БИДЕ ДА СЕ НАЈДАТ МЕСТА НА КОНТЕЈНЕРСКИТЕ БРОДОВИ?

Обезбедувањето простор на контејнерските бродови би можело да биде најголемиот предизвик за логистичкиот сектор во 2022 година, според новото истражување на логистичката компанија Container xChange.

Во истражувањето учествувале околу 800 логистички компании открива дека дури 53% од испитаниците веруваат дека овој проблем ќе им зададе најмногу проблеми во наредната година.

Веднаш зад нив се доплатите за превозниците (carrier surcharges), наведени од 22% од испитаниците и недостигот на работна сила, наведен од 19% од испитаниците.

Според резултатите од истражувањето, индустријата се соочува со мрачни времиња, бидејќи 54% од испитаниците очекуваат лоши перформанси во синџирите на снабдување во 2022 година, додека 11% предвидуваат уште полоша ситуација.

Во таа прилика, речиси три четвртини од испитаниците потврдуваат дека почнале да ги разгледуваат логистичките стратегии, како и проактивно да бараат повеќе опции за набавка, а во исто време одлучиле да чуваат поголеми залихи.

Во потрага по нови решенија, половина од испитаниците велат дека почнале да организираат сопствени набавки и да се определат за еднонасочен лизинг на контејнери, додека 28% прибегнале кон директни преговори со добавувачите за долгорочни закупи.

22% од испитаниците решиле да купат свои контејнери.

Интересно е тоа што во време кога само три четвртини од испитаниците веруваат дека пандемијата со Ковид влијаела на нивниот бизнис, а 54 отсто веруваат дека пандемијата резултирала со помал профит, индустријата стравува од нова варијанта на вирусот и дополнителни грижи.

„Очекуваме пандемијата и новите варијанти на вирусот да продолжат да ги нарушуваат пристанишните операции и работниот капацитет додека напредуваме во 2022 година“, рече Кристијан Роелофос, ко-основач и извршен директор на Container xChange.

Тој е далеку пооптимист од учесниците во анкетата, бидејќи смета дека ситуацијата ќе се смири и враќање во нормални услови на работа би можело да следи во втората половина на 2022 година.

Извор: theloadstar.com

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *