ЗГОЛЕМЕНАТА КОНТРОЛА ПО ПАТИШТАТА ВО ЕВРОПА ОД СТРАНА НА ТИСПОЛ ЗАПОЧНА ОД 10 ФЕВРУАРИ

Од понеделникот, 10 февруари во 01:00 до недела, 16 февруари 2020 година во 01:00 часот, Европската мрежа на сообраќајната полиција ТИСПОЛ започна кампања Truck & Bus, која опфаќа засилена контрола на работното време и возењето, паузите и одморите на професионалните возачи, како и контрола на техничката исправност на возилото и обезбедување на товарот.

Кампањата на ТИСПОЛ се спроведува во 28 земји членки и тоа: Австрија, Белгија, Бугарија, Кипар, Чешка, Данска, Германија, Франција, Финска, Грција, Унгарија, Ирска, Литванија, Луксембург, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Словачка, Словенија, Шпанија, Шведска, Швајцарија, Велика Британија, Естонија, Италија и Србија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *