КИНЕСКИТЕ ФАБРИКИ СЕ ОПОРАВУВААТ, НО ГЛОБАЛНИОТ ЛАНЕЦ НА СНАБДУВАЊЕ СЕ УШТЕ Е ВО ШОК
Економските експерти вложија голема надеж дека во моментот кога кинеските фабрики ќе започнат со производство, се ќе се врати во нормален тек. Тоа беше во моментот кога економските експерти наивно веруваа дека корона вирусот познат како COVID 19 ќе остане во рамки на азискиот континент и нема да се рашири на глобално ниво.
„Но вирусот многу брзо ги помина границите и се рашири низ континентите и доведе до економски застој во голем дел од светот.“
Во моментов КОВИД 19 е раширен во 170 земји низ светот и е прогласена светска пандемија, аналитичарите укажуваат на многу нарушувања во ланците за снабдување и покрај веќе постоечките проблеми во производството кое во најголем дел е стационирано во Кина. Тие сега предупредуваат на глобална рецесија.
Обнова на производството во Кина
Како што се намалуваше бројот на заболени случаи од корона вирусот, така регионски се започна со реотварање на фабриките во Кина, враќање на вработени на своите работни места и отпочнување со производство.
„Според медиумите, локални индустрии кои работат со полн капацитет или скоро го достигнуваат максимумот се државните претпријатија за нафта, гас, електрична енергија, комуникации и транспортни претпријатија. “
Од меѓународните компании „Apple“ ги имаше затворени сите свои малопродажни места ширум Кина поради ширењето на вирусот, наводно се вели дека сега сите се реотворени. Додека пак Groupe Renault започне со своето производство уште на 20 март.
Во Вухан, кој беше епицентарот на епидемијата со КОВИД 19, се реотворија фабриките за производство на електрични батерии, фармацевтски производи и компоненти употребувани во телекомуникацијата. Сепак производство на автомобили ќе започне во полна пареа во средината на април кога ќе бидат доставени сите потребни производствени компонентни.
Состојбата на терен во Кина
Глобалната логистичка компанија „Агилити“, ги дава следниве извештаи за моменталната ситуација на терен во Кина:
- По укинувањето на состојбата со карантин, производството или работата на компаниите продолжи со 60-70% од нивниот нормален капацитет, но веќе по неколку недели, производство започнува нагло да расте
Во моментов настапува ситуација во која се соочуваме со откажување на испораките поради тоа што се откажува транспортот со бродови кон и од Кина. Како индикатор кој укажува за намален пад на пренос на товар е компанијата Ocean Audit, која само за споредба ги дава следниве податоци, на 4 февруари на американските пристаништа пристигнале 32 550 контејнери, притоа се забележува значителен пад на 26 февруари кога таа бројка паднала на само 2 784 контејнери.
Авиотранспортот е исто така под одредени ограничувања и се откажани скоро сите летови на патниците, а во друга насока товарниот авиотранспорт е зголемен, иако не може во целост да го надополни нормалниот транспорт од претходно. Но мора да се укаже на фактот дека авиотранспортот од Кина кон останатите земји во светот е значително зголемен.
Кина се опоравува, но проблеми има во остатокот на светот
Иако Кина започна многу брзо да ги реотвора своите производствени капацитети и полека да го достигнува својот максимум, побарувачката во остатокот на светот започнува да опаѓа согласно ситуацијата со корона вирусот, особено во Европа и САД.
На пример, побарувачката за компоненти во автомобилската индустрија е намалена поради тоа што фабриките на кои им се потребни овие компоненти, а се лоцирани во САД или Европа, се затворени и за истите не се очекува да бидат отворени во наредниот период.
„Во период кога има проблеми со ланците на снабдување и нагло опаѓање на побарувачката се очекува кинескиот извоз да биде на ниско ниво и покрај растот на производството.“
Прекуокенаските пратки претрпеа огромна штета во однос на нивните договори и ако се направи споредба на истите месеци (јануари и февруари) за изминатата и оваа година ќе се забележи пад од 17,2% во нивната вредност.
Неизбежност од бездната на светската рецесија
Најновите показатели прогнозираат рецесија која од страна на S&P Global е опишана како „многу полоша од онаа од која што се плашевме.“
Компанијата која се занимава со финансиски информации и аналитика, својата мрачна прогноза ја препишува на затегнатите односи т.е. наметнатата социјална дистанца во Европа и САД која ги влоши пазарите поради намалената економска активност, намалена заработка, квалитет и ликвидност.
Страв од „втор бран“ на корона вирусот
Се јавува чувство на вознемиреност поради најавата за можен втор бран на коронавирусот во Кина, предизвикан од луѓе кои се враќаат во земјата од странство. Иако Кина, на 18 март нема регистрирано нови домашни случаи на коронавирус, првпат по појавата на истиот во декември минатата година, сепак овие денови се регистрирани нови луѓе вратени од странство носители на коронавирусот.
Во моментот ланците на снабдување се во лоша ситуација и со повторно појавување на коронавирусот во Кина и светот би можел да настане колапс. Се чини дека во периодов постои голема неизвесност која би ја тестирала одржливоста, издржливоста и прилагодливоста на ланците на снабдување на начин кој до сега го немаме видено во светот.