КИНЕСКИТЕ КОНТЕЈНЕРСКИ ПРИСТАНИШТА ВО ФЕВРУАРИ СО ЗГОЛЕМЕН ОБЕМ НА РАБОТА 60%
Во периодот од 1 до 20 февруари, обемот на контејнерски превоз од осумте најголеми кинески пристаништа се зголеми за 60,7% годишно во однос на периодот од започнување на првата светска блокада предизвикана од Ковид-19 во 2020 година.
Бројките објавени од Здружението на пристаништа во Кина покажуваат огромно закрепнување, потцртувајќи го отскокнувањето и во производството и во побарувачката за извоз.
Волуменот на контејнери на осумте главни кинески пристаништа се зголеми за 73% на почетокот на февруари и 48% во средината на февруари. Количината на извозните контејнери се зголеми за 65,5%, додека количината на домашните контејнери се зголеми за 43%.
Стапката на раст на пристаништето во Шенжен надмина 100% додека пристаништето во Шангај објави скоро 90% стапка на раст во обемот на контејнерскиот превоз.
Пропусната моќ на товар отна најголемите приморски кинески пристаништа се зголеми за 24,2% на годишно ниво, додека обемот на товар во меѓународната трговија се зголеми за 22,7%.
Испораките на сурова нафта на најголемите приморски пристаништа се зголемија за 22,2% на годишно ниво, меѓу кои пристаништето Далиан, Рижао и Јантаи забележаа стапка на раст од над 30%.
Испораките на метални руди на најголемите кинески пристаништа се зголемија за 21,6% на годишно ниво, меѓу кои пристаништето Нингбо-Жушан и Рижао забележаа над 30% стапка на раст.
Пристаништата покрај реката Јангце одржуваат стабилно работење во текот на почетокот и средината на февруари. Пропусната моќ на товар на трите големи речни пристаништа на реката Јангце, Нанџинг, Вухан и Чонгкинг се зголеми за 30,7% додека обемот на контејнерскиот превоз нагло се зголеми за 94% на годишно ниво.