КАРГОЈУНИТ ЈА ЗГОЛЕМУВА ФЛОТАТА НА ЛОКОМОТИВИ ЗА ИЗНАЈМУВАЊЕ

Полската лизинг компанија Каргојунит (Cargounit) и Сименс Мобилити (Siemens Mobility) објавија рамковен договор за купување и одржување на 30 најсовремени локомотиви Vectron MS. Договорот вклучува испорака на 10 локомотиви до крајот на 2023 година, со можност на нарачка на уште 20 до 2024 година, како и одржување на возилата. Првите две локомотиви ќе бидат испорачани оваа година.

Локомотивите ќе бидат во употреба во Полска, Германија, Австрија, Чешка, Словачка, Унгарија, Словенија, Хрватска, Србија, Холандија, по избор во Романија и Бугарија.

Во текот на претходните години (2018 и 2019 година), полската лизинг компанија веќе нарача шест локомотиви на Сименс. Со ова нарачка, флотата на Каргојунит Вектрон може да порасне на 36 локомотиви до 2024 година.

Каргојунит е водечка компанија на пазарот за изнајмување локомотиви во Централна Европа, а нивните клиенти се првенствено товарни оператори во областите на петрохемиската и хемиската индустрија, интермодалниот транспорт, транспортот на агрегати и челични производи. Вкупната флота на компанијата вклучува 175 локомотиви, од кои 96 се електрични.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *