КАКО ПАНДЕМИЈАТА ЌЕ ЈА ПРОМЕНИ ПРОДАЖБАТА ВО АВТОИНДУСТРИЈАТА?

Продажбата на автомобили е во процес на слободен пад. Се чини дека производството на тешки камиони ќе падне за повеќе од половина на годишно ниво. Помалку луѓе патуваат со авион, изнајмуваат автомобил или патуваат на работа. Пандемијата КОВИД-19 брзо го менува лицето на економијата.

Адам Џонас, аналитичар на транспортната бранша во „Morgan Stanley Research “, излезе со убедлив список на начини на кои транспортната индустрија буквално се менува пред наши очи. Дали многу повеќе луѓе ќе работат од дома? Какви видови на возила ќе купат деловните субјекти и потрошувачите? Погледнете што мисли Џонас за проблемите со превозот.

Повеќе камиони и комбиња

Ниските цени на нафтата и бензинот ги зајакнуваат постојните трендови на продажба на камиони и комбиња, што претставуваат голем дел во националниот возен парк.

„Опкружување со пониски цени на горивото за подолг период може да поддржи бум кај поголемите возила“, напиша Џонас во извештајот до инвеститорите.

Камиони и комбиња се потребни за „големи градежни проекти поврзани со надградба и доградба на националните транспортни мрежи, комуникациската инфраструктура, железничките брзи пруги, здравствените системи и слично“, додава тој.

Помал број на производители на превозни средства

Дури и пред коронавирусот, веќе имаше притисок да се намалат автомобилската и тешката индустрија. Доказ е понудата од ќерката фирма на Фолксваген – Тратон за купување на Навистар. Компаниите „Фиат Крајслер“ и „Пежо“ се спојуваат. Нисан и Рено размислуваат да го претворат својот сојуз во една компанија.

Нашата претпоставка, дури и пред сегашната здравствена и економска криза, беше дека консолидацијата на производителите може да влезе во фаза на невообичаено високо ниво. Ние веруваме дека економскиот шок, како и последователните промени во однесувањето на потрошувачите и владините политики, можат да ја забрзаат оваа консолидација, вели Џонас.

Продажните процеси ќе се променат

Дилерите се повеќе ќе зависат од мрежниот (дигитален) маркетинг и е-трансакците. Тесла е пред сите во автоиндустријата преку развојот на испораката и сервисирањето на автономни возила со минимална човечка интеракција, вели Џонас. Дилерите исто така ќе имаат помалку вработени во продажниот дел. На пример, само во САД овој месец, Auto Nation отпушти 7.000 вработени бидејќи продажбата падна за 50 проценти.

Реструктурирани ланци на снабдување

Производителите на возила „ќе ги преиспитаат слабостите во синџирот на снабдување во однос на потпората, капиталот, логистиката и географскиот ризик“, заклучува Џонас.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *